Skip to main content

Posts

Showing posts from January, 2021

ПОСТПОРОДИЛНА ДЕПРЕСИЈА

  Облик на депресивно пореметување кое ги има истите симптоми како класична депресија, а разликата е во тоа што се појавува после породувањето и тој чин претставува главен тригер за постпородилната депресија. Податоците покажуваат дека се јавува кај 10% од жените, но можно е овој процент да е поголем, бидејќи многу од нив не се свесни дека се соочуваат со овој проблем.   Најчести симптоми се: Промени во исхраната Недостиг на енергија Промени во спиење Чувство на празнина и бесмисла Чувство на вина Беспомошност и песимизам Раздразливост и импулсивни реакции   Постои можност за генетска предиспозиција, но се уште е не познат фактот во која мера влијае на појавата. Може да се јави во три вида: Baby blues – се карактеризира со чувство на страв, незадоволство, анксиозност, несигурност во својата улога како жена и мајка. Се јавува неколку дена после породувањето и трае две до три недели, по што спонтано се повлекува. Жената во овој период доживува знача...