Skip to main content

Posts

Showing posts with the label ПсихоДетска

Деца и Развод

  Иако секој трет брак во Европа се разведува, се уште разводот како стресен настан се наоѓа на второ место, веднаш после смрт на близок член. Со разводот не се губи само партнер, се губат секојдневни навики, ритуали, заеднички ручеци, планови за патувања, заеднички пријатели и роднини. Во многу случаи разводот претставува губиток на идентитет и процес во кој емотивната состојба кај сите засегнати од процесот поминува низ различни фази и се движи од лутина и бес, до тага и рамнодушност. Како партнерите ќе се справат со разводот зависи од многу фактори: причини за развод, карактерни особини на партнерите, начин на кој е договорен разводот, дали е планиран или се случил ненадејно и многу други фактори специфични за секој брачен пар. Но, како се справуваат децата? Повторно, справувањето зависи пред се од возраста на детето, неговите внатрешни сили, емотивната поддршка од околината, но најважно односот на родителите. Децата ќе бидат полни со прашања и ќе бараат одговори и имаат п...

Што ако не Ви се допаѓаат пријателите на Вашето дете?

  Во тек на предшколскиот период и во помалите одделенија од основното училиште, пријателствата на Вашето дете најчесто се моделирани од Ваша страна. Тоа е така бидејки бидејки Вашето дете се дружи со децата на Вашите пријатели или со деца од Вашето маало, градинка и одделенија со чии родители Вие сте повржани на некој начин. Селекцијата, значи ја вршите Вие врз основа на тоа дали Вам ви одговараат родителите на врсниците на Вашето дете. Тогаш буквално скоро се се одвива под Ваш надзор, средбите и дружењата со другарите зависат од тоа дали Вие имате слободно време да го однесете детето на играње, дали Вие сте дома за да можат да му дојдат другарчиња и слично. На детето сеуште му е многу важно Вашето мислење па Ви раскажува за секој со кого остварува интеракција и до најситен детал го прераскажува секое дружење и она што му се случува во текот на играта.   Меѓутоа, по неколку години сето тоа се менува. Ви се допаѓало тоа Вам или не мислењето на врсниците и самата припадност...

Дали нашите деца поминуваат премногу време пред екраните?

                      На огромно мнозинство деца во денешно време омилена играчка им е паметниот мобилен телефон, таблет или компјутер. Врз база на голем број испитувања докажано е дека прекумерна употреба на екранот, посебно кога е тоа случај пред петтата година од животот, кај одреден број деца предизвикува зависност, недостаток на енергија и креативност, дефицит на социјални вештини, проблеми со физичко здравје(како што се на пример искривување на кичмениот столб, проблеми со вид, гојазност). Меѓутоа, мора да прифатиме дека   сите во секојдневниот живот и комуникација сме усмерени на технологијата и дека дигиталната писменост ни е неопходна за да можеме нормално да функционираме. Школските програми исто така се конципирани да низ разни проекти ги мотивираат децата да го пребаруваат интернетот и на тој начин да доаѓаат до потребните информации. Познавање на технологијата е   битно и за академско достигнување....

Адолесценција како клучна фаза во формирање на идентитетот

                Поимот идентитет е преземен од латинскиот јазик, а во буквална смисла на зборот значи карактеристичност. Во психолошка смисла, кога ке кажеме идентитет, мислиме на одржување и доживување на комплетноста и единственоста на личноста, без разлика на промените во неа и околу неа. Идентитетот почнува да се формира уште од раѓањето, со воспоставување на афективната врска помеѓу мајката и детето . Детето го развива чувството за сопственото ЈАС од моментот кога ке почне да разбира дека тоа и мајката се две посебни личности, а не една единствена. Развојот на идентитетот понатаму е динамичен и комплексен процес и може да се менува и надоградува во тек на целиот живот, но врвот го достигнува во периодот на адолесценција, бидејки тогаш рзвојот е најбурен (земајки ја во предвид и фазата на постадолесценција која се завршува околу 26 година од животот).   Во тек на адолесценцијата доаѓа до големи физиолошки, когнитивни, социј...