Skip to main content

Posts

Showing posts with the label ПсихоДневие

Како изгледа твојата грижа?

  Како изгледа твојата грижа? ♦️Како изгледа твојата анксиозност? ♦️Можеш ли да ја нацрташ? ♦️Тоа може да биде појава, животно, чудовиште, личност, облик, боја, линија - употреби фантазија. ♦️Дај и/му име ♦️Откако ќе ја нацрташ 💭замисли си дека разговараш со грижата ♦️Можеш да и поставиш прашања, како на пример: 👉🏼имаш ли причина да бидеш тука? 👉🏼која е твојата функција/улога во мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, како би изгледал мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, за што би размислувал/а? 👉🏼што е најлошото што може да се случи? 👉🏼а, што е најдоброто што може да се случи? 👉🏼што треба да направам за да си заминеш? Фантазирајте, отпуштете се, дозволете си да проговори несвесното. 🌷Ако оваа вежба е премногу стресна за вас, поразговарајте со блиска личност или психолог.

Тиранија на среќата

📍Потврдена гаранција во нашиот живот е дека нема гаранција за трајна среќа. 📍Здрави сме се додека не се разболиме, вљубени сме се додека не престанеме да сакаме, уживаме во работата се додека не ни здосади… Едноставно не постои извесност и предвидливост. 📍Културниот притисок да се биде само и исклучиво среќен, пласиран преку мантрите “ослободи се од негативните емоции”, “најважно е да си среќен/на”, “биди најдобра верзија од себе” и прекумерниот фокус на среќата, всушност ја ограничува нашата ментална флексибилност.  Освен што не лишува од емотивни доживувања, преживувања и длабок допир со себе, во исто време го зголемува чувството на вина, тага или неадекватност кога идеалот за среќа не можеме (нормално и оправдано) да го оствариме. 🔸Лесно може да се запрашаме: 📍Сите се среќни, зошто јас не сум? 📍Што не е во ред со мене? 📍Што е тоа што правам погрешно? 🔸Се отвара кругот на непријатните емоции од кои упорно бегаме барајќи ја среќата. Илустрација

Овде и сега

„ Да се биде сега и овде значи да се биде свесен за сегашниот миг кој е единствен и неповторлив“.   🔸Звучи едноставно, но како да се биде сега и овде, кога умот е навикнат да лута и патува на релација минато-иднина? 🧠Кога со мислите сме во минатото, заглавени сме во нешто што е завршено, без можност за промена. Кога пак размислуваме за иднината, се заглавуваме во претпоставки и несигурности. Неизвесноста расте, а со неа и вознемиреноста. ⭐️Она што со сигурност го знаеме и над што може да имаме целосна контрола е сегашниот момент. 📌Вежба за практикување на свесноста за сега и овде: ⭐️Помини неколку мига во чисто набљудување на околината. ⭐️Сконцентрирај се на се она што е околу тебе и замисли дека до најситен детал ќе треба да дадеш опис за се она што те окружува. ⭐️Што гледаш? Што те опкружува? Какви бои гледаш? Колкава е големината на објектите што те опкружуваат? Што има околу тебе? Што се движи, а што мирува? ⭐️Сега сконцентрирај се на она што го слушаш. Ако ти е поудобно со ...

Емотивна освестеност

Препушти им се на своите емоции. Кога се обидуваш да се ослободиш од нив тогаш те преплавуваат.  Како да се препуштам? ⭐️Добра техника е мајндфулнес или свесност за емоциите. Како изгледа во пракса? 📍Освести се дека избегнуваш да чувствуваш и да се препуштиш на емоциите 📍Освести што размислуваш и како реагира телото кога некоја емоција се јавува и што правиш тогаш, како се однесуваш? 📍На пример: Тага. Во телото: притисок во очите, срцето ми чука забавено, нешто ме стега во стомакот. Помислувам: Никој не ме сака, никому не сум важен, сам/а сум, никогаш нема да биде подобро. Што правам: се изолирам, плачам, барам поддршка, ми треба прегратка. 📍Како што се развива емоцијата, следи што е тоа што ја засилува или ослабнува. Која мисла, кое однесување го менува нејзиниот интензитет? 📍Емоцијата ослабнува. Која мисла, кое однесување доведе до тоа? Како е сега во телото? 📍Води дневник за овие забележувања и набргу ќе знаеш што предизвикува некоја емоција, како твоето тело реагира на та...

ДОВОЛНО ДОБРА

  Кога си ја дадов дозволата да бидам Доволно добра, знаев дека тоа има врска со шемата Високи стандарди. Доволно долго сум во психотерапија, лично и професионално, за да знам дека зад оваа шема се кријат и шемите Дефектност и Емоционална Депривација. Тоа е убавината на терапијата, стануваш спремен да (на)учиш како да прифатиш и живееш со сите несовршености во секојдневниот живот и релациите. Во релации човек може да се излечи и разболи. А, кога е присутна шемата Превисоки стандарди, страдаат релациите. Има многу брзање, притисок, малку време и она “може подобро”. Подобра работа, подобар брак, врска, подобар ден, подобар партнер, подобар живот, подобар Јас. Тешко е да се задоволат превисоките стандарди, тешко е да се биде доволно добар партнер, син, ќерка, колега, пријател. Но, најтешко им е на нив самите. Секојдневно во борба со самите себе и сопствените очекувања. Како на автоматска трака за трчање, без опција за исклучување. А, кога би била можна таа опција, тогаш би имало повеќ...

КОИ СЕ ТВОИТЕ ПОТРЕБИ?

  💭Како да ги препознаеме своите потреби? Од листата подолу, за кои од овие потреби сте свесни? 🔹физичка безбедност и сигурност 🔹финансиска сигурност 🔹пријателство 🔹внимание од околината 🔹да бидете слушнати од другите 🔹лидерство 🔹почитување 🔹валидација 🔹потреба да ги изразите и поделите своите чувства 🔹чувство за припадност 🔹нега и грижа 🔹потреба за физички контакт 🔹блискост 🔹сексуално изразување 🔹лојалност и доверба 🔹успех и постигнување 🔹цели и нивно остварување 🔹компетенција 🔹забава и игра 🔹слобода и независност 🔹креативност 🔹духовност 🔹љубов 📍Кои од овие потреби не ви се задоволени? Кои конкретни чекори би можеле да ги превземете во наредните денови, недели или месеци за задоволување на овие потреби? 📍На пример, ако отидете во кино или во диско, може да ја задоволите потребата за забава и игра. 💭А, кои од овие потреби ви се задоволени? 📌Колку е подолг овој список, толку сме посреќни.

ДНЕВНИК

  Пишувањето е интимен дијалог со себе си. Велат дека оние кои јасно пишуваат, јасно и размислуваат. Јасна реченица - јасна мисла. Секојдневното пишување го зголемува нашиот контакт со реалноста, му помага на мозокот да ги организира хаотичните мисли и најважно од се: не враќа кон нас самите и ни помага да успориме и бидеме присутни. На почетокот нашето пишување ќе биде хаотично, како и нашите размислувања, но со текот на времето писанијата ќе си добијат своја структура и смисла. Наутро или навечер, изборот е твој, но размисли за внесување на оваа рутина во секојдневието.

ШТО КОГА ДЕЦАТА СЕ ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО?

       Минатата година на телефонот за деца и млади Ало Бушавко се јавиле 357 лица. 17% од нив или 145 деца се јавиле заради семејни проблеми, во најголем дел поврзани со непочитување на правата на детето во текот на бракоразводните постапки. Според податоците од Центрите за социјална заштита за 2022 година, од вкупно 1543 лица – жртви на семејно насилство,   227 биле деца. Трет облик на семејно насилство е насилство врз децата, кога сторител е било кој член од потесното и поширокото семејство. Притоа треба да се нагласи дека децата се сметаат како жртви на насилство не само во ситуации кога директно се изложени и трпат насилство, туку и кога се сведоци на чин во кој еден челн од семејството врши насислтво врз друг член од семејството. Податоците покажуваат дека во семејствата со семејно насилство, во 30-60% истото е насочено и кон децата, а во семејствата во кои жрва била мајката и која морала да го напушти домот и да побара заштита, децата биле жртви на на...

6 чекори за успешно справување со blues Covid-19

Во светот се повеќе се зборува за blues COVID-19 депресија . Blues - от го знаеме како сезонско депресивно расположение и обично го поврзуваме со есенскиот или зимскиот период . Не можеме да негираме дека COVID-19 влијаеше на менталното здравје на поголем дел од светската популација . Пандемијата донесе огромен стрес , нови стравови и низа непознавања . Ако на тоа додадеме постојан прилив на контрадикторни информации , општа несигурност во надлежните институции и сензационалистички медиумски вести , не е чудо што луѓето се најдоа во специфична психолошка состојба . Дополнително социјалната изолација и ограничениот личен контакт , економските последици и реални губитоци на работни места и бизниси ја намалија општата психолошка издржливост . За полесно справување со новонастанатата важно е што побрзо прифаќање на реалноста и препознавање на работите над кои имаме контрола . ...