Skip to main content

Posts

Showing posts with the label ПсихоШколи

Карл Г.Јунг и Аналитичка психологија (I дел)

                        Карл Г.Јунг, таткото на Аналитичката психологија бил меленхолично, необично дете, единствен син на татко свешетник во евангелистичка црква. До својата девета година, растел како единствено дете на своите родители. Роден е во Кесвил, Швајцарија на 26.07.1875 година. Денеска го знаеме како еден од најголемите психолози, психотерапевти и мислители од минатиот век. Целото негово трагање е трагање по Бог, по духовноста и пат кон Индивидуација. Вели дека неговиот духовен живот започнал со еден сон, кој го сонувал кога имал три години. Во тој сон паднал во дупка и се нашол во голема просторија во која имало црве н тепих и златен престол на кој седело некое чудно суштество во форма на фалус, од крв и месо. Одеднаш го слушнал гласот на мајка си „ Тоа е човекојадец.“ Исплашен, се разбудил. Децении подоцна, кога веќе длабоко бил навлезен во проучувањето на симболите и архетипите, дошол до заклучок...