Skip to main content

Posts

Showing posts with the label ПсихоЉубов

Деца и Развод

  Иако секој трет брак во Европа се разведува, се уште разводот како стресен настан се наоѓа на второ место, веднаш после смрт на близок член. Со разводот не се губи само партнер, се губат секојдневни навики, ритуали, заеднички ручеци, планови за патувања, заеднички пријатели и роднини. Во многу случаи разводот претставува губиток на идентитет и процес во кој емотивната состојба кај сите засегнати од процесот поминува низ различни фази и се движи од лутина и бес, до тага и рамнодушност. Како партнерите ќе се справат со разводот зависи од многу фактори: причини за развод, карактерни особини на партнерите, начин на кој е договорен разводот, дали е планиран или се случил ненадејно и многу други фактори специфични за секој брачен пар. Но, како се справуваат децата? Повторно, справувањето зависи пред се од возраста на детето, неговите внатрешни сили, емотивната поддршка од околината, но најважно односот на родителите. Децата ќе бидат полни со прашања и ќе бараат одговори и имаат п...

Страв од блискост и врзување

  Човекот е социјално битие, се раѓа од некој однос и потоа целиот свој живот го поминува во мрежа од односи. Еден од најважните односи е секако партнерскиот, интимен, љубовен однос. Иако, очекувањето дека овие односи сами по себе развиваат само позитивни чувства, сепак болката е неизоставен дел од секој љубовта, понекогаш разочарување, чувство на повреденост или напуштеност. Сите ја знаеме народната: „Каде има љубов, мора да има и бол“, но сепак најважни компоненти на здрав љубовен однос се блискост и поврзаност. Да се биде близок со некого, значи да се биде свој, со сите свои мани и вредности, стравови, минати искуства, сигурни дека нема да бидеме осудени или неприфатени. Блискост значи дека другиот може да не види без маски, шминка и глума. Во блискиот однос партнерите се слободни да се живеат себе си и истовремено да бидат меѓусебно поврзани без потреба за контрола или промена. Блискоста и отвореноста отвараат простор за ранливост. Кога луѓето се блиски, отворени се да бида...

По што се разликуваат успешните партнерски врски?

  Сите партнери на почетокот на својата врска се опиени од сонот за заедничка, среќна и лесна иднина. Уживаат во заедничките моменти, се одушевуваат од партнерот и се убедени дека таа опиеност ќе трае засекогаш. Сепак, искуството покажува дека не сите партнрски врски успеваат да ја одржат оваа идеја. Причините поради кои партнерите од почетната убеденост за заедничка среќна иднина, се поместуваат во несреќен, па дури и загрозувачки меѓусебен одност се најразлични. Во овој текст повеќе не интересираат причините поради кои двојките успеваат да ја остварат оваа идеја, не само да опстанат, туку вистински да живеат и изградат однос каков што сакале од самиот почеток. Што прават овие парови? ·         Взаемно почитување и доверба се области во кои значајно инвестира. Тие се на врвот на листата на приоритети, а преку јасната и директна комуникација со партенерот и себе си, тие се однесуваат во склад со оваа идеја. ·     ...

Осаменост во партнерска врска

                                                         Љубовната врска е посебна интеракција од односи преку која што ги задоволуваме нашите најисконски потреби за припадност и безбедност. Многу студии се напишани за тоа дека луѓето кои се во брак живеат подолго, жените кои живеат во бракови опишани како напнати и кои што меѓусебните интеракции ги доживуваат како непријателски, имаат зголемен крвен притисок и повисоко ниво на стрес. Понатаму читаме дека жени кои доживеале срцев напад, се три пати повеќе изложени на ризик од повторување доколку живеат во нескладни бракови. Џим Којн психолог на Универзитет во Пенсилванија, заклучил дека кај мажи и жени со конгестивни срцеви слабости, складниот брак и партнеровата подршка се важен фактор за преживување на пациентот после четири години, исто колку и самиот симптом. ...

Низ кои фази поминуваат партнерите кои се разведуваат?

  Развод е неочекувана, вонредна, развојна криза. Легалниот развод може да се означи во една временска точка, но психолошкиот развод може да трае многу години пред и после легалниот развод. Освен што е еден од најстресогените настани, дури втор на скалата на стресни настани, веднаш после смрт на блиска личност, тој воедно е и загуба без ритули кои би овозможиле психичко олеснување. Во исто време, двата партнера се соочуваат со низа нови задачи, а пред се редефинирање на личниот и семејниот идентитет и редефинирање на меѓусебните односи. Низ кои фази поминува разводот? Емоционален развод кој најчесто започнува многу време пред да се донесе конечната одлука за развод. Се карактеризира со промени во партнерскиот однос, губење на меѓусебна доверба, взаемен критицизам, истакнување на негативните аспекти во односот и потешкотија да се увидат снагите на заедништво. Меѓусебните обвинувања стануваат нормален начин на комуникација, голем дел од партнерите прекинуваат секаков физички кон...

Дали децата го уништуваат бракот?

                                     Сурфајќи на интернет, налетав   на натпис „ Децата го уништуваат животот! Не треба да имаме деца!“ Боже, каков наслов, си помислив и нормално, љубопитноста, моето второ име, ме натера да кликнам и да прочитам ред жалопојки. Децата ти ги трошат парите, поради нив собираш купони, поради нив се откажуваш од големите соништа, поради нив не водиш љубов и бла, бла бла... Се сожалив над децата чија мајка објавила ваков текст. Но, сепак, некое црвче и мене почна да ме скокотка. Почнав да си спомнувам и да се присетувам на се она што сум го изговорила, прочитала, слушнала, поделила на некоја од женските седенки. И, прашањето е дали децата го уништуваат бракот? Сигурна сум дека го менуваат. Во семејната психотерапија знаеме за фазите низ кои минува семејството и секоја од овие фази се соочува со развојни задачи и одговорности кои носат...