Skip to main content

Posts

Showing posts with the label ПсихоКлиничка

ПОСТПОРОДИЛНА ДЕПРЕСИЈА

  Облик на депресивно пореметување кое ги има истите симптоми како класична депресија, а разликата е во тоа што се појавува после породувањето и тој чин претставува главен тригер за постпородилната депресија. Податоците покажуваат дека се јавува кај 10% од жените, но можно е овој процент да е поголем, бидејќи многу од нив не се свесни дека се соочуваат со овој проблем.   Најчести симптоми се: Промени во исхраната Недостиг на енергија Промени во спиење Чувство на празнина и бесмисла Чувство на вина Беспомошност и песимизам Раздразливост и импулсивни реакции   Постои можност за генетска предиспозиција, но се уште е не познат фактот во која мера влијае на појавата. Може да се јави во три вида: Baby blues – се карактеризира со чувство на страв, незадоволство, анксиозност, несигурност во својата улога како жена и мајка. Се јавува неколку дена после породувањето и трае две до три недели, по што спонтано се повлекува. Жената во овој период доживува знача...

Пореметување на личност

  Основна карактеристика на овие нарушавања е специфичниот образец на примање, реакција и воспоставување на меѓучовечки односи, кои што образци се прилично фиксирани, неелстични, друштвено неприфатливи и неприлагодени. Генрално, тешко се адаптираат на реалноста и окружувањето. Луѓето кои страдаат од ова нарушување најчесто не се свесни дека нивното однесување или мислење не одговараат и не се прифатени од околината, туку напротив – убедени се дека нивните образци се исправни и вистински.   Во теоријата се зборува за повеќе видови на пореметување на личност и тоа:   Параноидна личност Личностите кои страдаат од параноидно нарушување внатрешните конфликти ги проектираат на окружувањето. Ладни се и дистанцирани. Во секое добро дело наоѓаат лоши и скриени намери. Претерано се сомничави и често заради тоа   луѓето ги избегнуваат, што тие го толкуваат како нивна лоша намера. Многу често превземаат правни дејствија против другите и постојано се огорчени. Сакаат да раб...

6 чекори за успешно справување со blues Covid-19

Во светот се повеќе се зборува за blues COVID-19 депресија . Blues - от го знаеме како сезонско депресивно расположение и обично го поврзуваме со есенскиот или зимскиот период . Не можеме да негираме дека COVID-19 влијаеше на менталното здравје на поголем дел од светската популација . Пандемијата донесе огромен стрес , нови стравови и низа непознавања . Ако на тоа додадеме постојан прилив на контрадикторни информации , општа несигурност во надлежните институции и сензационалистички медиумски вести , не е чудо што луѓето се најдоа во специфична психолошка состојба . Дополнително социјалната изолација и ограничениот личен контакт , економските последици и реални губитоци на работни места и бизниси ја намалија општата психолошка издржливост . За полесно справување со новонастанатата важно е што побрзо прифаќање на реалноста и препознавање на работите над кои имаме контрола . ...