Skip to main content

ПОСТПОРОДИЛНА ДЕПРЕСИЈА

 



Облик на депресивно пореметување кое ги има истите симптоми како класична депресија, а разликата е во тоа што се појавува после породувањето и тој чин претставува главен тригер за постпородилната депресија. Податоците покажуваат дека се јавува кај 10% од жените, но можно е овој процент да е поголем, бидејќи многу од нив не се свесни дека се соочуваат со овој проблем.

 Најчести симптоми се:

  • Промени во исхраната
  • Недостиг на енергија
  • Промени во спиење
  • Чувство на празнина и бесмисла
  • Чувство на вина
  • Беспомошност и песимизам
  • Раздразливост и импулсивни реакции

 

Постои можност за генетска предиспозиција, но се уште е не познат фактот во која мера влијае на појавата.

Може да се јави во три вида:

Baby bluesсе карактеризира со чувство на страв, незадоволство, анксиозност, несигурност во својата улога како жена и мајка. Се јавува неколку дена после породувањето и трае две до три недели, по што спонтано се повлекува. Жената во овој период доживува значајна промена, некои од нив физички закрепнуваат, физиолошки во телото - матката се собира, раните од хирушките интервенции зараснуваат, започнува доењето, се јавува постпородилното крварење и сите овие процеси можат да бидат исклучително непријатни, па дури и болни. Кај многу од жените болничкото искуство било трауматично, што дополнително допринесува за појава на збунетост, чувство на неадекватност и нерасположение. Од друга страна бебињата бараат константна грижа и внимание, а ако жената прв пат се соочува со мајчинството, сосема нормално е да се чувствува збунето, некомпетентно, несигурно и исплашено. Оваа состојба поминува многу брзо и мајката почнува да ужива во својот однос со бебето, станува поспонтана, посмирена и посигурна.

Постпородилна психоза – се јавува кај една од петстотини жени, а се препознава по халуцинации, параноидни идеи и уверувања дека детето е зло или демон. Во овој случај жената се однесува агресивно, ирационално, може да го повреди бебето, себе и другите. Во овој случај потребна е хитна интервенција и хоспитализација.

Постпородилна депресија – најчесто се појавува неколку недели после породувањето. Се манифестира преку незаинтересираност за себе и бебето, беспомошност, песимизам, пореметен апетит и сон, а најмногу со чувство на вина и безнадежност. Се препорачува психотерапија, а колку ќе трае процесот на заздравување зависи од личноста и околностите во кои се појавила постпородилната депресија.

Во врска со тоа што придонесува за појава на ова состојба, се издвојуваат неколку важни параметри: несакана бременост, осаменост, мајката сама го одгледува бебето, трауматично искуство во врска со породувањето, искривена перцепција дека раѓањето на бебето ќе го промени животот на жената, поддршката која ја има од партнерот, нивниот меѓусебен однос и сл.

Доколку не се препознае на време и не се третира соодветно со психотерапија и фармакотерапија, оваа состојба може да влијае нагативно на целото семејство, а пред се на адекватниот развој на детето.

* Илустрација превземена од: https://recipe-cpsa.com/postporodajna-depresija/

Comments

Popular posts from this blog

Како изгледа твојата грижа?

  Како изгледа твојата грижа? ♦️Како изгледа твојата анксиозност? ♦️Можеш ли да ја нацрташ? ♦️Тоа може да биде појава, животно, чудовиште, личност, облик, боја, линија - употреби фантазија. ♦️Дај и/му име ♦️Откако ќе ја нацрташ 💭замисли си дека разговараш со грижата ♦️Можеш да и поставиш прашања, како на пример: 👉🏼имаш ли причина да бидеш тука? 👉🏼која е твојата функција/улога во мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, како би изгледал мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, за што би размислувал/а? 👉🏼што е најлошото што може да се случи? 👉🏼а, што е најдоброто што може да се случи? 👉🏼што треба да направам за да си заминеш? Фантазирајте, отпуштете се, дозволете си да проговори несвесното. 🌷Ако оваа вежба е премногу стресна за вас, поразговарајте со блиска личност или психолог.

Што ако не Ви се допаѓаат пријателите на Вашето дете?

  Во тек на предшколскиот период и во помалите одделенија од основното училиште, пријателствата на Вашето дете најчесто се моделирани од Ваша страна. Тоа е така бидејки бидејки Вашето дете се дружи со децата на Вашите пријатели или со деца од Вашето маало, градинка и одделенија со чии родители Вие сте повржани на некој начин. Селекцијата, значи ја вршите Вие врз основа на тоа дали Вам ви одговараат родителите на врсниците на Вашето дете. Тогаш буквално скоро се се одвива под Ваш надзор, средбите и дружењата со другарите зависат од тоа дали Вие имате слободно време да го однесете детето на играње, дали Вие сте дома за да можат да му дојдат другарчиња и слично. На детето сеуште му е многу важно Вашето мислење па Ви раскажува за секој со кого остварува интеракција и до најситен детал го прераскажува секое дружење и она што му се случува во текот на играта.   Меѓутоа, по неколку години сето тоа се менува. Ви се допаѓало тоа Вам или не мислењето на врсниците и самата припадност...

Деца и Развод

  Иако секој трет брак во Европа се разведува, се уште разводот како стресен настан се наоѓа на второ место, веднаш после смрт на близок член. Со разводот не се губи само партнер, се губат секојдневни навики, ритуали, заеднички ручеци, планови за патувања, заеднички пријатели и роднини. Во многу случаи разводот претставува губиток на идентитет и процес во кој емотивната состојба кај сите засегнати од процесот поминува низ различни фази и се движи од лутина и бес, до тага и рамнодушност. Како партнерите ќе се справат со разводот зависи од многу фактори: причини за развод, карактерни особини на партнерите, начин на кој е договорен разводот, дали е планиран или се случил ненадејно и многу други фактори специфични за секој брачен пар. Но, како се справуваат децата? Повторно, справувањето зависи пред се од возраста на детето, неговите внатрешни сили, емотивната поддршка од околината, но најважно односот на родителите. Децата ќе бидат полни со прашања и ќе бараат одговори и имаат п...