Skip to main content

Posts

Showing posts with the label ПсихоЕмоции

Како изгледа твојата грижа?

  Како изгледа твојата грижа? ♦️Како изгледа твојата анксиозност? ♦️Можеш ли да ја нацрташ? ♦️Тоа може да биде појава, животно, чудовиште, личност, облик, боја, линија - употреби фантазија. ♦️Дај и/му име ♦️Откако ќе ја нацрташ 💭замисли си дека разговараш со грижата ♦️Можеш да и поставиш прашања, како на пример: 👉🏼имаш ли причина да бидеш тука? 👉🏼која е твојата функција/улога во мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, како би изгледал мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, за што би размислувал/а? 👉🏼што е најлошото што може да се случи? 👉🏼а, што е најдоброто што може да се случи? 👉🏼што треба да направам за да си заминеш? Фантазирајте, отпуштете се, дозволете си да проговори несвесното. 🌷Ако оваа вежба е премногу стресна за вас, поразговарајте со блиска личност или психолог.

Тиранија на среќата

📍Потврдена гаранција во нашиот живот е дека нема гаранција за трајна среќа. 📍Здрави сме се додека не се разболиме, вљубени сме се додека не престанеме да сакаме, уживаме во работата се додека не ни здосади… Едноставно не постои извесност и предвидливост. 📍Културниот притисок да се биде само и исклучиво среќен, пласиран преку мантрите “ослободи се од негативните емоции”, “најважно е да си среќен/на”, “биди најдобра верзија од себе” и прекумерниот фокус на среќата, всушност ја ограничува нашата ментална флексибилност.  Освен што не лишува од емотивни доживувања, преживувања и длабок допир со себе, во исто време го зголемува чувството на вина, тага или неадекватност кога идеалот за среќа не можеме (нормално и оправдано) да го оствариме. 🔸Лесно може да се запрашаме: 📍Сите се среќни, зошто јас не сум? 📍Што не е во ред со мене? 📍Што е тоа што правам погрешно? 🔸Се отвара кругот на непријатните емоции од кои упорно бегаме барајќи ја среќата. Илустрација

Овде и сега

„ Да се биде сега и овде значи да се биде свесен за сегашниот миг кој е единствен и неповторлив“.   🔸Звучи едноставно, но како да се биде сега и овде, кога умот е навикнат да лута и патува на релација минато-иднина? 🧠Кога со мислите сме во минатото, заглавени сме во нешто што е завршено, без можност за промена. Кога пак размислуваме за иднината, се заглавуваме во претпоставки и несигурности. Неизвесноста расте, а со неа и вознемиреноста. ⭐️Она што со сигурност го знаеме и над што може да имаме целосна контрола е сегашниот момент. 📌Вежба за практикување на свесноста за сега и овде: ⭐️Помини неколку мига во чисто набљудување на околината. ⭐️Сконцентрирај се на се она што е околу тебе и замисли дека до најситен детал ќе треба да дадеш опис за се она што те окружува. ⭐️Што гледаш? Што те опкружува? Какви бои гледаш? Колкава е големината на објектите што те опкружуваат? Што има околу тебе? Што се движи, а што мирува? ⭐️Сега сконцентрирај се на она што го слушаш. Ако ти е поудобно со ...

Емотивна освестеност

Препушти им се на своите емоции. Кога се обидуваш да се ослободиш од нив тогаш те преплавуваат.  Како да се препуштам? ⭐️Добра техника е мајндфулнес или свесност за емоциите. Како изгледа во пракса? 📍Освести се дека избегнуваш да чувствуваш и да се препуштиш на емоциите 📍Освести што размислуваш и како реагира телото кога некоја емоција се јавува и што правиш тогаш, како се однесуваш? 📍На пример: Тага. Во телото: притисок во очите, срцето ми чука забавено, нешто ме стега во стомакот. Помислувам: Никој не ме сака, никому не сум важен, сам/а сум, никогаш нема да биде подобро. Што правам: се изолирам, плачам, барам поддршка, ми треба прегратка. 📍Како што се развива емоцијата, следи што е тоа што ја засилува или ослабнува. Која мисла, кое однесување го менува нејзиниот интензитет? 📍Емоцијата ослабнува. Која мисла, кое однесување доведе до тоа? Како е сега во телото? 📍Води дневник за овие забележувања и набргу ќе знаеш што предизвикува некоја емоција, како твоето тело реагира на та...

Од каде доаѓа чувството на празнина?

                                          Многу луѓе се чувствуваат празни, но за тоа ретко зборуваат. Чувството на празнотија најчесто се јавува кога настанува некој губиток, било да станува збор за личност или врска, а често пати ова чувство е присутно без некоја навидум посебна причина, барем така објаснуваат некои од клиентите. „Се е ок, не знам зошто така се чувствувам“, „имам супер работа, супер стан, супер гардероба, а некако сум празен“, „најверојатно е период, ќе помине“. Ова се само некои од речениците кои си ги упатуваме себе си во намера да го потиснеме тоа непријатно чувство или когнитивно да го победиме. Најчесто се убедуваме и што е уште полошо, релативизрајќи ја емоцијата, ја поттиснуваме и се ставаме себе си во некоја положба на постојан немир и очекување нешто да се случи. Кога емоцијата ќе еруптира најчесто одлучуваме да посетиме психолог ил...