Skip to main content

СЕМЕЈНА И СИСТЕМСКА ПСИХОТЕРАПИЈА

 

ССТ психотерапија е психотераписки процес кој е усмерен на семејството како целина со цел да се променат дисфункционалните односи меѓу членовите во семејството. На семејството гледа како на жив систем во промена, а на индивидуалните образци на однесување како на дел од семејниот систем.

Целта е да се открие значењето и смислата на симптомот кој е во директна поврзаност со целокупниот семеен систем. Симптоматското однесување на еден член влијае на сите членови и во исто време семејството како целина влијае на одржување на симптомот.

Семејството како ситем се состои од подсистеми во меѓусебна интеракција, а секој од нив е дефиниран со свои граници, хиерархија и правила на однесување. Овие подсистеми и семејствто претставуваат холони, во исто време делови и целина (Salvador Minuchin, 1981).

Кризата низ која поминува еден член се пренесува на сите членови во семејството. Интерактивните процеси се регулираат преку повратна спрега, така да системот постајано се прилагодува на примените информации. Субсистемите се обележани со свои граници и во едно семејство постои родителски, партнерски и детски (сиблинг) подсистем. Границите меѓу нив можат да бидат ригидни, полупропустливи и пропустливи, како и кон други надворешни системи (школо, работа, други заедници). ССТ смета дека само полупропустиливи граници се функционални.

Секое семејство има своја хиерархија која се препознава преку моќта на оној кој донесува одлуки. Семејствата можат да бидат нуклеарни, проширени, трогенерациски, еднородителски, степ или хомосексуални семејства. Сите тие поминуваат низ свои развојни фази, а секоја фаза со себе носи очекувани задачи кои треба да се исполнат.

Во однос на комуникациските процеси, семејните терапевти почитуваат 5 аксиоми на комуникација: (Nevena Čalovska-Hercog, 2006)

1.      Не може да не се комуницира. Дури и молчењето е комуникација. Сите облици на комуникација и праќаат порака на другата личност доколку е присутна.

2.      Секоја комиуникација се состои од содржина и релација, бидејќи освен информацијата која се пренесува, важен е и начинот на комуникација, израз на лицето, интонацијата, тонот и гестикулацијата.

3.      Природата на односот непосредно зависи од нагласување на одредени секвенци.

4.      Луѓето комуницираат аналошки и дигитално. Дигиталните пораки се изговорени или напишани и се еднонасочни, додека пак аналошкиот јазик ги опфаќа сите аспекти на вербалната и невербалната комуникација и можат да бидат повеќенасочни и во облик на метафора, говор на тело и индиректно соопштување.

5.      Комуникациските размени се комплементарни или симетрични, учесниците комуницираат од рамноправни или нерамноправни позиции.

Основни цели на ССТ се промени во функционирање на семејниот систем.

Тие промени можат да бидат:

-        Промени од прв ред кои подразбираат намалување или отстранување на симптомот кај идентификуваниот клиент, со појава на симптом кај друг член од семејството. На пример: алкохоличар престанува да пие, сопругата паѓа во депресија, повлекување на симптом кај детето предизвикува брачен конфликт и сл.

-        Промени од втор ред се случуваат кога симптомот исчезнува, без притоа да се појави симптом кај друг член во семејството, бидејќи се случила промена во структурата, дисфункционалните интеракции и промена на наративот.

ССТ се применува кога постои идентификуван клиент, носител на симптом, психотично пореметување, психосоматско пореметување, зависност и пореметување во однесување. Исто така при појава на развојна или неразвојна криза, потреба од решавање на структурални односи  и семејни проблеми, сепарација, недостаток на блискост и потешкотии во комуникација.

Најчесто користени техники  и интервенции се: преурамување, придружување, склуптурирање, емпатија, метафора, хумор, циркуларни и рефлексивни прашања, задачи и ритуали.

 

 

Користена литература:

Nevena Čalovska-Hercog, S. D.-G. (2006). Porodična terapija. Во  L. Erić (Ур.), Psihoterapija (стр. 267-285). Beograd: Institut za mentalno zdavlje.

Salvador Minuchin, H. (1981). Family Therapy Techniques. Cambrige, Massachusetts: Harvard University Press.

*Фотографија превземена од: https://www.clinicalsupervisionservices.com.au/on-offer


Comments

Popular posts from this blog

Како изгледа твојата грижа?

  Како изгледа твојата грижа? ♦️Како изгледа твојата анксиозност? ♦️Можеш ли да ја нацрташ? ♦️Тоа може да биде појава, животно, чудовиште, личност, облик, боја, линија - употреби фантазија. ♦️Дај и/му име ♦️Откако ќе ја нацрташ 💭замисли си дека разговараш со грижата ♦️Можеш да и поставиш прашања, како на пример: 👉🏼имаш ли причина да бидеш тука? 👉🏼која е твојата функција/улога во мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, како би изгледал мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, за што би размислувал/а? 👉🏼што е најлошото што може да се случи? 👉🏼а, што е најдоброто што може да се случи? 👉🏼што треба да направам за да си заминеш? Фантазирајте, отпуштете се, дозволете си да проговори несвесното. 🌷Ако оваа вежба е премногу стресна за вас, поразговарајте со блиска личност или психолог.

Анксиозност

                                   Познато е чувството на немир, страв, загриженост, паника, напнатост или нервоза.   Сите тие чувства се обединуваат под називот анксиозност. Овие чувства се секојдневни и составен дел од животот.   Во стресни ситуации или важни ситуации од кои   очекуваме некој исход, нормално е да се чувствуваме анксиозни или загрижени. Меѓутоа понекогаш се случува да се преокупираме со некоја ситуација, постојано да мислиме на некој проблем или да сме во некое очекување и загриженост, со што се пореметува нашето вообичаено однесување. Во некои такви околности ќе почнеме да јадеме повеќе или да заборавиме да јадеме, да пушиме повеќе, да чувствуваме напнатост во мускулите, срцето забрзано да ни чука, да ни се потат рацете, а константното чувство на немир да не не напушта. Доколку овие чувства продолжат и по завршување на ситуацијата или не обземаат...

Емотивна освестеност

Препушти им се на своите емоции. Кога се обидуваш да се ослободиш од нив тогаш те преплавуваат.  Како да се препуштам? ⭐️Добра техника е мајндфулнес или свесност за емоциите. Како изгледа во пракса? 📍Освести се дека избегнуваш да чувствуваш и да се препуштиш на емоциите 📍Освести што размислуваш и како реагира телото кога некоја емоција се јавува и што правиш тогаш, како се однесуваш? 📍На пример: Тага. Во телото: притисок во очите, срцето ми чука забавено, нешто ме стега во стомакот. Помислувам: Никој не ме сака, никому не сум важен, сам/а сум, никогаш нема да биде подобро. Што правам: се изолирам, плачам, барам поддршка, ми треба прегратка. 📍Како што се развива емоцијата, следи што е тоа што ја засилува или ослабнува. Која мисла, кое однесување го менува нејзиниот интензитет? 📍Емоцијата ослабнува. Која мисла, кое однесување доведе до тоа? Како е сега во телото? 📍Води дневник за овие забележувања и набргу ќе знаеш што предизвикува некоја емоција, како твоето тело реагира на та...