Skip to main content

Емотивна освестеност


Препушти им се на своите емоции. Кога се обидуваш да се ослободиш од нив тогаш те преплавуваат. 

Како да се препуштам?

⭐️Добра техника е мајндфулнес или свесност за емоциите. Како изгледа во пракса?
📍Освести се дека избегнуваш да чувствуваш и да се препуштиш на емоциите
📍Освести што размислуваш и како реагира телото кога некоја емоција се јавува и што правиш тогаш, како се однесуваш?
📍На пример: Тага. Во телото: притисок во очите, срцето ми чука забавено, нешто ме стега во стомакот. Помислувам: Никој не ме сака, никому не сум важен, сам/а сум, никогаш нема да биде подобро. Што правам: се изолирам, плачам, барам поддршка, ми треба прегратка.
📍Како што се развива емоцијата, следи што е тоа што ја засилува или ослабнува. Која мисла, кое однесување го менува нејзиниот интензитет?
📍Емоцијата ослабнува. Која мисла, кое однесување доведе до тоа? Како е сега во телото?
📍Води дневник за овие забележувања и набргу ќе знаеш што предизвикува некоја емоција, како твоето тело реагира на таа емоција и најважно од се е тоа што ќе знаеш на кој начин да управуваш со емоциите.
⭐️Нема добри и лоши емоции.
⭐️Секоја емоција е обид на нашето тело да разговара со нас.
⭐️Имај на ум дека колку и да се непријатни емоциите, тие нема да те повредат.
⭐️Уште подобро, ако внимателно ги слушаш ќе ти кажат што е тоа што ти е потребно.

Comments

Popular posts from this blog

Како изгледа твојата грижа?

  Како изгледа твојата грижа? ♦️Како изгледа твојата анксиозност? ♦️Можеш ли да ја нацрташ? ♦️Тоа може да биде појава, животно, чудовиште, личност, облик, боја, линија - употреби фантазија. ♦️Дај и/му име ♦️Откако ќе ја нацрташ 💭замисли си дека разговараш со грижата ♦️Можеш да и поставиш прашања, како на пример: 👉🏼имаш ли причина да бидеш тука? 👉🏼која е твојата функција/улога во мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, како би изгледал мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, за што би размислувал/а? 👉🏼што е најлошото што може да се случи? 👉🏼а, што е најдоброто што може да се случи? 👉🏼што треба да направам за да си заминеш? Фантазирајте, отпуштете се, дозволете си да проговори несвесното. 🌷Ако оваа вежба е премногу стресна за вас, поразговарајте со блиска личност или психолог.

Деца и Развод

  Иако секој трет брак во Европа се разведува, се уште разводот како стресен настан се наоѓа на второ место, веднаш после смрт на близок член. Со разводот не се губи само партнер, се губат секојдневни навики, ритуали, заеднички ручеци, планови за патувања, заеднички пријатели и роднини. Во многу случаи разводот претставува губиток на идентитет и процес во кој емотивната состојба кај сите засегнати од процесот поминува низ различни фази и се движи од лутина и бес, до тага и рамнодушност. Како партнерите ќе се справат со разводот зависи од многу фактори: причини за развод, карактерни особини на партнерите, начин на кој е договорен разводот, дали е планиран или се случил ненадејно и многу други фактори специфични за секој брачен пар. Но, како се справуваат децата? Повторно, справувањето зависи пред се од возраста на детето, неговите внатрешни сили, емотивната поддршка од околината, но најважно односот на родителите. Децата ќе бидат полни со прашања и ќе бараат одговори и имаат п...

Овде и сега

„ Да се биде сега и овде значи да се биде свесен за сегашниот миг кој е единствен и неповторлив“.   🔸Звучи едноставно, но како да се биде сега и овде, кога умот е навикнат да лута и патува на релација минато-иднина? 🧠Кога со мислите сме во минатото, заглавени сме во нешто што е завршено, без можност за промена. Кога пак размислуваме за иднината, се заглавуваме во претпоставки и несигурности. Неизвесноста расте, а со неа и вознемиреноста. ⭐️Она што со сигурност го знаеме и над што може да имаме целосна контрола е сегашниот момент. 📌Вежба за практикување на свесноста за сега и овде: ⭐️Помини неколку мига во чисто набљудување на околината. ⭐️Сконцентрирај се на се она што е околу тебе и замисли дека до најситен детал ќе треба да дадеш опис за се она што те окружува. ⭐️Што гледаш? Што те опкружува? Какви бои гледаш? Колкава е големината на објектите што те опкружуваат? Што има околу тебе? Што се движи, а што мирува? ⭐️Сега сконцентрирај се на она што го слушаш. Ако ти е поудобно со ...