Skip to main content

Што е тераписки однос?

 

                   

    Терапевтскиот однос по многу свои карактерстики е специфичен однос и различен од сите други односи кои ги имаме во нашето окружување.  Со терапевт – странец разговараме  за лични, длабоки и интимни теми, иако однапред знаеме дека овој контакт ќе трае определно време и потоа ќе заврши. Едната страна изнесува свои внатрешни и надворешни проблеми и конфликти, додека другата страна активно слуша и преку техники и методи помага во изнаоѓање решенија за тие проблеми.

Ако на почетокот се воспостави стабилна тераписка алијанса, многу веројатно е дека терпијата ќе биде успешна, без разлика на тоа кој правец и техника се употребува. Главна задача на терапевтот на првото интервју е активно да го сослуша клиентот, да го запознае со поимот психотерапија и нејзиното функционирање. Акцент секогаш се става на контактот. Во оваа фаза терапевтот гради слика околу начинот на кој клинетот функционира, образцитена однесување и начинот на кој клинетот се претставува себе си во процесот.

Преку отворени прашања го поттикнува клиентот да зборува за своите цели кои сака да ги постигне во терапијата, како и неговите очекувања. За меѓучовечките односи со други луѓе, терапевтот добива информација директно од кажувањата на клинетот, но и од нивниот меѓусебен однос. Важно е терапевтот да има поширока слика за клиентот и освен проблемот кој е донесен на терапија, да се интересира и за други аспекти од животот на клиентот, посебно за да добие увид во резилиентните страни на клиентот. Овој увид е важен дел од терапијата, бидејќи ќе помогне да се насочи процесот  кон здрав развој на клинетот. Стекнувањето увид и прибирање на релевантни информации бара време и разговор, па понекогаш терапевтите употребуваат прашалници и тестови за да ја забрзаат оваа постапка. Терапевтските прашања служат за продлабочување на свеста на клиентот, допринесуваат за подобра интеграција на личноста, а неретко му помагаат на клинетот самиот да направи увид и да ги разбере сопствените конфликти, а на тој начин и полесно да дојде до решенија. Кога терапевтот пристапува феноменолошки кон истражувањето, мора во предвид да го земе и емоционалниот свет на клиентот. Во тоа најмногу му помага емпатијата, која кај клиентот од друга страна раѓа доверба, чувство на разбирање  и сигурност – главни компоненти за градење на добар тераписки однос.

Што е тоа емпатија?

Емпатија е способност да се излезе од сопствените чувства и убедувања во врска со тоа што е исправно, а што погрешно, учење за клиентово искуство и неговата реалност, разбирање на неговата референтна рамка (неговиот поглед на светот, неговите убедувања, ставови, емоции, предрасуди и искуства). Кога имаме емпатија кон некого, ние светот го гледаме со неговите очи, го доживуваме на нечин на кој што тој го доживува, без притоа да даваме поддршка или критика, да се сложуваме или не со тој светоглед.

Полесно е да се пишува за емптатијата, отколку да се употреби. Емпатијата од терапевтот бара голема флескибилност, сочувство, реална претстава, логичност, широки познавања и искуства. Емпатијата секогаш е обоена со субјективната реалност на терапевтот и заради тоа понекогаш е вистински предизвик да се биде емпатичен кон клиент со сосема различна перцепција од самиот терапевт.

Како треба да изгледа терапијата од страна на клинетот?

Клиентот мора да биде сигурен дека терапевтот го почитува и разбира. Емпатијата од страна на терапевтот има значјна улога. Колку време ќе биде потребно да се воспостави силна тераписка алијанса зависи од нивото на организираност и интеграција на клиентот. Со некои клиенти оваа фаза трае првите неколку сеанси, со други и неколку месеци, а во некои случаи воспоставување на еден јак однос со терапевтот е доволен потстрек за промена. Клиентот се охрабрува да заземе активен став во процесот на терапија и да се информира, што од друга страна му помага побрзо да разбере дека неговиот живот е во негови раце, а не во рацете на терапевтот. Клиентот треба да праша се што го интересира во врска со терапевтскиот процес.

И, секако важно е да бидеме свесни дека тераписката алијанса има многу поголема сила од терапевтот или клиентот одделно.

Извори:

https://www.psiholosko-savetovaliste.com/sta-je-terapijski-odnos-i-po-cemu-je-specifican/

*Фотографија преземена од: https://abetterwaytherapy.com/mental-health-therapy/


Comments

Popular posts from this blog

ПСИХОЛОШКА БЕЗБЕДНОСТ – топ фактор за успешен тим

    Пред десетина години Google започна истражување со цел да дојде до одговор на прашањето „ Што е тоа што го прави тимот успешен ?“. Проектот доби име Аристотел, а резултатите направија пресврт во совеременото сфаќање на организациската култура. Истражувањето кое траеше повеќе од 2 години, анализираше повеќе од 250 различни атрибути и спроведе повеќе од 200 интервјуа in vivo. Самото истражување се одвиваше во реални услови, преку набљудување на вработените и тимовите на лице место. Анализирани се стилови на управување, KPI по вработени, цели, буџети, бонуси, фокус, меѓусебна комуникација, организација, флексибилност и многу други хипотетички фактори кои влијаат на ефикасноста на тимот. Она што добија како резултат се 5 фактори кои се заеднички за сите успешни тимови. На прво место е ПСИХОЛОШКАТА БЕЗБЕДНОСТ која ја чувстввуваат членовите на тимот. Размислувајќи за овој фактор, се прашувам на кој начин овој резултат направи пресвртница во организациската култура, ако тр...

Емотивна освестеност

Препушти им се на своите емоции. Кога се обидуваш да се ослободиш од нив тогаш те преплавуваат.  Како да се препуштам? ⭐️Добра техника е мајндфулнес или свесност за емоциите. Како изгледа во пракса? 📍Освести се дека избегнуваш да чувствуваш и да се препуштиш на емоциите 📍Освести што размислуваш и како реагира телото кога некоја емоција се јавува и што правиш тогаш, како се однесуваш? 📍На пример: Тага. Во телото: притисок во очите, срцето ми чука забавено, нешто ме стега во стомакот. Помислувам: Никој не ме сака, никому не сум важен, сам/а сум, никогаш нема да биде подобро. Што правам: се изолирам, плачам, барам поддршка, ми треба прегратка. 📍Како што се развива емоцијата, следи што е тоа што ја засилува или ослабнува. Која мисла, кое однесување го менува нејзиниот интензитет? 📍Емоцијата ослабнува. Која мисла, кое однесување доведе до тоа? Како е сега во телото? 📍Води дневник за овие забележувања и набргу ќе знаеш што предизвикува некоја емоција, како твоето тело реагира на та...

Тиранија на среќата

📍Потврдена гаранција во нашиот живот е дека нема гаранција за трајна среќа. 📍Здрави сме се додека не се разболиме, вљубени сме се додека не престанеме да сакаме, уживаме во работата се додека не ни здосади… Едноставно не постои извесност и предвидливост. 📍Културниот притисок да се биде само и исклучиво среќен, пласиран преку мантрите “ослободи се од негативните емоции”, “најважно е да си среќен/на”, “биди најдобра верзија од себе” и прекумерниот фокус на среќата, всушност ја ограничува нашата ментална флексибилност.  Освен што не лишува од емотивни доживувања, преживувања и длабок допир со себе, во исто време го зголемува чувството на вина, тага или неадекватност кога идеалот за среќа не можеме (нормално и оправдано) да го оствариме. 🔸Лесно може да се запрашаме: 📍Сите се среќни, зошто јас не сум? 📍Што не е во ред со мене? 📍Што е тоа што правам погрешно? 🔸Се отвара кругот на непријатните емоции од кои упорно бегаме барајќи ја среќата. Илустрација