📍Потврдена гаранција во нашиот живот е дека нема гаранција за трајна среќа. 📍Здрави сме се додека не се разболиме, вљубени сме се додека не престанеме да сакаме, уживаме во работата се додека не ни здосади… Едноставно не постои извесност и предвидливост. 📍Културниот притисок да се биде само и исклучиво среќен, пласиран преку мантрите “ослободи се од негативните емоции”, “најважно е да си среќен/на”, “биди најдобра верзија од себе” и прекумерниот фокус на среќата, всушност ја ограничува нашата ментална флексибилност. Освен што не лишува од емотивни доживувања, преживувања и длабок допир со себе, во исто време го зголемува чувството на вина, тага или неадекватност кога идеалот за среќа не можеме (нормално и оправдано) да го оствариме. 🔸Лесно може да се запрашаме: 📍Сите се среќни, зошто јас не сум? 📍Што не е во ред со мене? 📍Што е тоа што правам погрешно? 🔸Се отвара кругот на непријатните емоции од кои упорно бегаме барајќи ја среќата. Илустрација