Skip to main content

Гешталт терапија

 

Гешталт е германски збор и означува облик, конфигурација, целовитост, повеќе од прост збир на елементи кои ја сочинуваат.

Она што е важно е овде и сега, минатото постои како сеќавање, носталгија, лутина, легенда или историја. Иднината постои како предвидување, планирање, очекување, надеж или безнадежност. Гешталт терапија работи со она што е очигледно, моментално достапно на свеста на клиентот или терапевтот и може да биде соопштено во актуелната комуникација.

Целта е да се оствари слободно формирање на гешталт во кој што она што е најважно за организмот, односот, групата или заедницата станува гешталт, фигура која  се доживува целосно, се запознава, преработува, менува, изложува на начин да се стопи со позадината (се заборава или асимилира и интегрира) и се ослободува начин за нов релевантен гешталт. Секој фиксиран гешталт со тек на времето станува пречка, како што се инхибиции, комплекси и отпори.  Фиксацијата не е во минатото, таа е овде и сега во мускулната напнатост, навиките и автомстските однесувања, како и социјалните ставови.

Контактот е феномен кој се одвива на границата на организмот и неговата околина. Тој е сознание и справување со она што е не-Јас, друго и различно. Границата на која се среќаваат Јас и другото  претставува локус его финкција на идентификација и отуѓување, област на возбуда, интерес, љубопитност, страв и непријателство. Прекин на контактот води кон нездрави облици на функционирање. Контактот овозможува развој на личноста  преку размена со околината, задоволување на потребите и оргазмичка саморегулација.

 

Теориска основа

Теориската основа се состои од однос меѓу поле, дијалог и феноменологија.

Поле – меѓусебно поврзан историски и континуиран систем кој е во постојано движење. Според Robert Resnick секој дел од полето на кој сме усмерени е дел од поголемо поле (поле во поле). Ние истовремено егзистираме во различни контексти кои меѓусебно се преклопуваат или постоја паралелно еден со друг.

Дијалог – Јас и Ти процес, контакт/повлекување. Во секојдневната употреба означува обичен разговор. Во текот на сеансата терапевтот ќе му овозможи на клиентот да ја продлабочи својата свесност и да воспостави контакт со друга личност.

Феноменологија – тежнее кон разбирање на она што е очигледно или откриено со самата ситуација, а не на интерпретација на набљудувачот. Феноменолошкиот став значи да се исклучат и остават  на страна сите однапред створени идеи.

Гешталт терапија

Терапијата не е усмерена на содржината и проблем, поради кој клиентот доаѓа на терапија, туку на процесите преку кои ја одржува својата конфузност, конфликти, депресивност или анксиозност. Терапевтот обрнува внимание на начинот на изразување, гестови и говор на тело. Решението на проблемот, односно затворање на гешталтот не може да се оствари преку разговор за прблемот, туку неопходно е клинетот да го доживее, почувствува, искаже или направи нешто поинакво со кое ќе ја заврши таа незавршена работа, ќе го затвори гешталтот, а тоа значи решавање на прблемот и ослободување од напнатост и незадоволство.

 

Превод од: M.Kostić, Geštalt terpaija во Psihoterapija, Beograd 2006, 371-390.

*Илустрација превземена од: https://www.google.com/url?sa=i&url=https%3A%2F%2Fuxdesign.cc%2Fux-psychology-go-hand-in-hand-how-gestalt-theory-appears-in-ux-design18b727343da8&psig=AOvVaw1jaweN8dwcLMYuT0zuk8T6&ust=1590746564358000&source=images&cd=vfe&ved=0CAIQjRxqFwoTCMiy8P2m1ukCFQAAAAAdAAAAABAD


Comments

Popular posts from this blog

Како изгледа твојата грижа?

  Како изгледа твојата грижа? ♦️Како изгледа твојата анксиозност? ♦️Можеш ли да ја нацрташ? ♦️Тоа може да биде појава, животно, чудовиште, личност, облик, боја, линија - употреби фантазија. ♦️Дај и/му име ♦️Откако ќе ја нацрташ 💭замисли си дека разговараш со грижата ♦️Можеш да и поставиш прашања, како на пример: 👉🏼имаш ли причина да бидеш тука? 👉🏼која е твојата функција/улога во мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, како би изгледал мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, за што би размислувал/а? 👉🏼што е најлошото што може да се случи? 👉🏼а, што е најдоброто што може да се случи? 👉🏼што треба да направам за да си заминеш? Фантазирајте, отпуштете се, дозволете си да проговори несвесното. 🌷Ако оваа вежба е премногу стресна за вас, поразговарајте со блиска личност или психолог.

Што ако не Ви се допаѓаат пријателите на Вашето дете?

  Во тек на предшколскиот период и во помалите одделенија од основното училиште, пријателствата на Вашето дете најчесто се моделирани од Ваша страна. Тоа е така бидејки бидејки Вашето дете се дружи со децата на Вашите пријатели или со деца од Вашето маало, градинка и одделенија со чии родители Вие сте повржани на некој начин. Селекцијата, значи ја вршите Вие врз основа на тоа дали Вам ви одговараат родителите на врсниците на Вашето дете. Тогаш буквално скоро се се одвива под Ваш надзор, средбите и дружењата со другарите зависат од тоа дали Вие имате слободно време да го однесете детето на играње, дали Вие сте дома за да можат да му дојдат другарчиња и слично. На детето сеуште му е многу важно Вашето мислење па Ви раскажува за секој со кого остварува интеракција и до најситен детал го прераскажува секое дружење и она што му се случува во текот на играта.   Меѓутоа, по неколку години сето тоа се менува. Ви се допаѓало тоа Вам или не мислењето на врсниците и самата припадност...

Деца и Развод

  Иако секој трет брак во Европа се разведува, се уште разводот како стресен настан се наоѓа на второ место, веднаш после смрт на близок член. Со разводот не се губи само партнер, се губат секојдневни навики, ритуали, заеднички ручеци, планови за патувања, заеднички пријатели и роднини. Во многу случаи разводот претставува губиток на идентитет и процес во кој емотивната состојба кај сите засегнати од процесот поминува низ различни фази и се движи од лутина и бес, до тага и рамнодушност. Како партнерите ќе се справат со разводот зависи од многу фактори: причини за развод, карактерни особини на партнерите, начин на кој е договорен разводот, дали е планиран или се случил ненадејно и многу други фактори специфични за секој брачен пар. Но, како се справуваат децата? Повторно, справувањето зависи пред се од возраста на детето, неговите внатрешни сили, емотивната поддршка од околината, но најважно односот на родителите. Децата ќе бидат полни со прашања и ќе бараат одговори и имаат п...