Skip to main content

ЗАСПАНАТА УБАВИЦА

 

Во бајките најчесто јунаците се соочуваат со глеми дела, херојства, луди подвизи, со кои многу често адолесцентите треба да се справат. Тие се склони кон луди идеи, секакви активности, па дури и опасни однесувања, за да се ослободат од внатрешната напнатост. Во Запаната Убавица е сосема поинаку. Пред првата менструација девојчињата се пасивни, повлечени, сексуалната зрелост кај настапува порано, отколку кај момчињата и не е чудно што баш оваа бајка е една од омилените на сите девојчиња.

Во тој бурен период на адолесценција, колку што на младиот човек му се потребни експресивни и екстернализирачки однесувања, толку исто му е потребен и период на латенција, мирување и повлекување во себе. Тоа се моменти во кои се чини дека ништо не се случува, ништо не се прави и може да потрае много долго, дури сто години, како и сонот на Заспаната Убавица. Но, среќниот крај го уверува детето дека нема да остае трајно заглавено.[1]

После тој сон, настапува периодот на голема активност и надополнување на се што се чинело како да било испуштено.  Оваа бајка е многу стара, но носи јака порака на младите. Таа зборува за тоа дека долгиот период на мирување, контемплација, восредоточеност на себе, води кон најголеми достигнувања.[2]

Ако машкото мора да се бори за да порасне и да ја напушти сигурноста на детството, женското мора да се повлече во себе. Но, бајката постои да ја открие вистината за животот. Во Заспаната Убавица, принцот е тој кој ја гледа принцезата додека спие, додека во приказната за Амор и Психа, таа доаѓа додека тој спие. Многу често и жените со својата одлучност и храброст успеваат да го спасат принцот.

Оваа приказна има неколу верзии. Позната е верзијата на Перо и браќата Грим. Во првата името на Убавицата е Талија, таа заспива после убод од вретено, доаѓа друг крал после многу години и има сексуален однос со нејзе, додека таа уште спие. После девет месеци се раѓаат две деца, Сонце и Месечина и едното од нив цицајќи го нејзиниот прст, ја извлекува раската и таа се буди. Кралот доаѓа после две години и сфаќа дека има прекрасна принцеза и две деца. Но, бајката не би била потполна кога не би имало љубоморна кралица, канибалист, која сака да ги убие двете деца на кралот, да му ги зготви и да му ги принесе за ручек, а принцезата да ја запали. Кралот ја прекинува во тој луд обид, ја фрла во оган, а останува среќно да живее со принцезата.

Бајката се завршува со стиховите:

„Среќни луѓе, така тоа се вели,

Ги благословува Фортуна, додека се во постела.“[3]

Во една друга верзија имињата на децата се Утро и Ден, а кралицата покажува едипални склоности, исплашена од принцот кој се вљубува во принцезата.

Во верзијата на браќата Грим, недостасува казна за лошата вила која казнува новородено дете, само заради тоа што не била поканета на крштевката. Таа има среќен крај, во кој добриот принцип, победува над лошиот, што можеби уште подобро може да се види на филмското платно и приказната за Малифисент, во чиј што лик двата принципа живеат заедно и се борат да надвладеат над нејзината душа.[4]

Која верзија и да ја толкуваме, сепак основна тема во бајката Запаната Убавица е фактот дека е потребно време на повлекување и одлагање на секслуалниот чин, кој треба да дојде по извесно созревање. Исто така, приказната зборува за очекувањето.

Првин родителите очекуваат дете, а потоа заедно со него го очекуваат неговото растење.

Симболично во приказната тоа првин е прикажано преку бројот петнаесет, возраста во кој девојчето ја добива својата прва менструација. Тринаесетте вели во бајката се потсетник на тринаесетте лунарни месеци, како што била поделена годината во древноста. Иако, не секој го знае тоа, сепак општо познато е дека менструацијата се појавува во фрекфенција од дваесети осум дена во лунарните месеци, а не на секој дванаесети месец, на колку што денеска годината е поделена. На тој начин дванаесетте вили, заедно со едната – тринаесеттата, лошата вила, симболички укажува дека фаталната клетва се однесува на менструацијата.[5]

Сите напори се залудни. Иако, сите вретена во царството се уништени, сепак принцезата успева да најде едно, скриено, во недостапните простории. Младата девојка со своите петнаесет години, токму тоа и го прави, истражува недостапни подрачја, а тие се претставени со скриената одаја во која старицата преде волна. До неа се качува низ скали кои водат до заклучена врата, која се отвора со клуч. Ако сакаме да толкуваме фројдовски, одајата ги симболизира женските органи, а клучот самиот чин. Вретеното е симбол на машкиот полов орган и веднаш тука доаѓа крвта, која е поврзана со првата менструација, после која девојката паѓа во длабок сон, заштитена од трновата ограда околу замокот. Многу принцови се обидуваат да ја спасат, но само еден успева и тогаш самиот ѕид му се отвора. Принцезата е спремна и созреана за принцот. Пораката е повеќе од очигледна и јасна: Не грижете се и не се обидувајте да ги забрзувате работите, кога е времето вистинско, проблемите сами од себе се решаваат.

Самиот сон е премин кон промената. Убавицата се буди спремна, го препознава својот принц, двајцата се зрели, сами по себе и заедно.

Децата зависно од возраста различно ќе ја толкуваат приказната. Помалите деца будењето ќе го сфатат како будење на самостојноста, урамнотежување помеѓу неговиот ид, его и суперегото. Постарите деца ќе разберат дека трауматичните доживувања, како што се првото крварење на почетокот на пубертетот или при првиот сексуален чин, имаат среќни последици.

Драгица Стаменковиќ, лиценциран психолог, семеен советник, NLP Practitioner

Литература:

Betelhajm, Bruno. Značenje bajki. Beograd, Podgorica: Nova knjiga, 2015.

https://fairytalez.com/sleeping-beauty-woods/

 



[1] Ibid, 222.

[2] Ibid.

[3] Повеќе за оваа верзија во: Perrault's Fairy Tales (New York: Dover Publications, Inc., 1969), pp. 3-21. This translation is from Old-Time Stories told by Master Charles Perrault, translated by A. E. Johnson (Dodd Mead and Company, 1921). Translations of the verse morals are from Perrault's Fairy Tales, translated by S. R. Littlewood (London: Herbert and Daniel, 1912).

[5] Bruno Betelhajm, Značenje bajki, 228.

*Слика превземена од: https://steemit.com/zublizainordin/@zublizainordin/sleeping-beauty-and-beautiful-sleep

Comments

Popular posts from this blog

Како изгледа твојата грижа?

  Како изгледа твојата грижа? ♦️Како изгледа твојата анксиозност? ♦️Можеш ли да ја нацрташ? ♦️Тоа може да биде појава, животно, чудовиште, личност, облик, боја, линија - употреби фантазија. ♦️Дај и/му име ♦️Откако ќе ја нацрташ 💭замисли си дека разговараш со грижата ♦️Можеш да и поставиш прашања, како на пример: 👉🏼имаш ли причина да бидеш тука? 👉🏼која е твојата функција/улога во мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, како би изгледал мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, за што би размислувал/а? 👉🏼што е најлошото што може да се случи? 👉🏼а, што е најдоброто што може да се случи? 👉🏼што треба да направам за да си заминеш? Фантазирајте, отпуштете се, дозволете си да проговори несвесното. 🌷Ако оваа вежба е премногу стресна за вас, поразговарајте со блиска личност или психолог.

Деца и Развод

  Иако секој трет брак во Европа се разведува, се уште разводот како стресен настан се наоѓа на второ место, веднаш после смрт на близок член. Со разводот не се губи само партнер, се губат секојдневни навики, ритуали, заеднички ручеци, планови за патувања, заеднички пријатели и роднини. Во многу случаи разводот претставува губиток на идентитет и процес во кој емотивната состојба кај сите засегнати од процесот поминува низ различни фази и се движи од лутина и бес, до тага и рамнодушност. Како партнерите ќе се справат со разводот зависи од многу фактори: причини за развод, карактерни особини на партнерите, начин на кој е договорен разводот, дали е планиран или се случил ненадејно и многу други фактори специфични за секој брачен пар. Но, како се справуваат децата? Повторно, справувањето зависи пред се од возраста на детето, неговите внатрешни сили, емотивната поддршка од околината, но најважно односот на родителите. Децата ќе бидат полни со прашања и ќе бараат одговори и имаат п...

Овде и сега

„ Да се биде сега и овде значи да се биде свесен за сегашниот миг кој е единствен и неповторлив“.   🔸Звучи едноставно, но како да се биде сега и овде, кога умот е навикнат да лута и патува на релација минато-иднина? 🧠Кога со мислите сме во минатото, заглавени сме во нешто што е завршено, без можност за промена. Кога пак размислуваме за иднината, се заглавуваме во претпоставки и несигурности. Неизвесноста расте, а со неа и вознемиреноста. ⭐️Она што со сигурност го знаеме и над што може да имаме целосна контрола е сегашниот момент. 📌Вежба за практикување на свесноста за сега и овде: ⭐️Помини неколку мига во чисто набљудување на околината. ⭐️Сконцентрирај се на се она што е околу тебе и замисли дека до најситен детал ќе треба да дадеш опис за се она што те окружува. ⭐️Што гледаш? Што те опкружува? Какви бои гледаш? Колкава е големината на објектите што те опкружуваат? Што има околу тебе? Што се движи, а што мирува? ⭐️Сега сконцентрирај се на она што го слушаш. Ако ти е поудобно со ...