Skip to main content

Гранично пореметување на личноста

 

           

Најбитна карактеристика на граничното пореметување на личноста е висока нестабилност во интерперсоналните односи, сликата за себе и емоциите. Луѓето со вакво нарушување на личноста се обично и многу импулсивни. Први знаци на ова пореметување се јавуваат во раното возрасно доба. Нестабилните односи со другите личности перзистираат со години и обично се повржани со нестабилна слика за себе и раните социјални интеракции. Релациите и емоциите на овие личности  обично се доживуваат како површни без можност за продлабочување.

 

 Како да се препознае граничното пореметување на личноста

 Постојат неколку симптоми кои го дефинираат граничното пореметување на личноста

 

-        безглаво бегање од можноста да се доживее право или имагинарно напуштање

-        образец на нестабилни и интензивни интерперсонални односи кои варираат помеѓу два екстрема-идеализација и обезвреднување

-        пореметувањето на идентитетот, подразбира значајна и континуирана нестабилна слика за себе

-        импусивност која се огледа во прекумерно трошење, промискуитет, злоупотреба на психотропни супстанци, ризично возење, коцкање

-        повремено суицидално однесување, претење со самоубиство или самоповредување

-        емоционална нестабилност во вид на епизодни паѓања на расположението (дисфорија) анксиозност, раздразливост

-        хронично чувство на неисполнетост

-        неадекватно, интезивно изразување на бес и потешкотии за контрола (нпр. личноста избувнува во секунда, константно е бесен, повремено има и физички конфликти)

-        минливи, со стрес поврзани параноидни мисли или сериозни дисоцијативни симптоми 

Како и кај сите пореметувања на личноста, индивидуата мора да има барем 18 години пред да се детектира граничено пореметување на личноста. Почест случај е кај жените, а интензитетот на симптомите се смалува со стареењето. Битно е да се напомене дека кога се работи за дијагностицирање не треба да се класифицира ова пореметување како присатно или не, туку повеќе да се согледува како пореметување во континуитет, нпр пореметувањето е видливо во определен степен.

 

Причини за гранично пореметување на личноста

 

Како и кај сите други психолошки пореметувања за започнување и развој на на граничното пореметување на личноста заслужни се разни фактори. Причина за формирање се генетски фактори, социјални фактори (квалитет на интеракцијата во раниот период од развојот на личноста во склоп на семејството, врсничка група) како и психолошки фактори ( личноста на самата индивидуа која е формирана согласно средината и научените начини за совладување на стресот). Не постои  единствен фактор кој влијае на започнувањето на пореметувањето, повеќе се работи за интеракција на овие неколку спомнати претходно. Исто така, доколку поединецот го има ова пореметување, тоа во извесна мерка ја зголемува можноста од ризик да се пренесе на потомството.

 

Третман на гранично пореметени личности

 

Оваа пореметување кај луѓето се манифестира на различен начин и облик. Тие пред се имаат нереална перцепција за светот и опкружувањето. При тоа, ова не е пореметување кое вклучува и делузија, иако може и така да изгледа, туку се работи за емотивно ремоделирање на регулаторните когнитивни функции.

Индивидуите со ова пореметување обично ги гледаат другите ,, црно–бело. На пример, во зависност од ситуациај до ситуација, психотерапевтот кај кого се на терапија може во еден момент да биде како личност која ги поддржува и ги негува, а во друг момент како многу лоша и бесчувствителна личност која не се грижи за клиентот. Експертите кои лекуваат пациенти со ова пореметувања се секогаш свесни за оваа ,,се или ништо филозофија, многу се внимателни и истата на ја валоризираат.

Најбитна работа која психотерапевтите и лекарите ја учат кога е во прашање граничната пореметеност на личноста е да останат воздржани и цело време да имаат емотивна и мислечка стабилност која ја нема кај клиентот. Многумина се откажуваат од третманот на овој тип на пореметување бидејки клиентите можат да имаат многу барања, да се закануваат со суицид или самоповредувачко однесување. Сепак, психотерапијата може да биде третман на избор покрај медикаментите кои служат за стабилизација на емотивните осцилации. Со помош на лекови, најчест придонес на психотерапијата е да ја научи индивидуата на нови техники и вештини за решавање на проблемите и емоционална регулација. Меѓутоа, напредок во терапијата многу тешко се остварува и не е загарантиран, а должина на траење на терапијата е најмалку една година.

 

Драгица Стаменковиќ, лиценциран психолог, семеен советник, НЛП практиционер

**Фотографија превземена од: https://www.talkspace.com/blog/wp-content/uploads/2017/09/how-borderline-personality-                            disorder-impacts-relationships-two-masks-feature_1320W_RM-1.png


Comments

Popular posts from this blog

Како изгледа твојата грижа?

  Како изгледа твојата грижа? ♦️Како изгледа твојата анксиозност? ♦️Можеш ли да ја нацрташ? ♦️Тоа може да биде појава, животно, чудовиште, личност, облик, боја, линија - употреби фантазија. ♦️Дај и/му име ♦️Откако ќе ја нацрташ 💭замисли си дека разговараш со грижата ♦️Можеш да и поставиш прашања, како на пример: 👉🏼имаш ли причина да бидеш тука? 👉🏼која е твојата функција/улога во мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, како би изгледал мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, за што би размислувал/а? 👉🏼што е најлошото што може да се случи? 👉🏼а, што е најдоброто што може да се случи? 👉🏼што треба да направам за да си заминеш? Фантазирајте, отпуштете се, дозволете си да проговори несвесното. 🌷Ако оваа вежба е премногу стресна за вас, поразговарајте со блиска личност или психолог.

Деца и Развод

  Иако секој трет брак во Европа се разведува, се уште разводот како стресен настан се наоѓа на второ место, веднаш после смрт на близок член. Со разводот не се губи само партнер, се губат секојдневни навики, ритуали, заеднички ручеци, планови за патувања, заеднички пријатели и роднини. Во многу случаи разводот претставува губиток на идентитет и процес во кој емотивната состојба кај сите засегнати од процесот поминува низ различни фази и се движи од лутина и бес, до тага и рамнодушност. Како партнерите ќе се справат со разводот зависи од многу фактори: причини за развод, карактерни особини на партнерите, начин на кој е договорен разводот, дали е планиран или се случил ненадејно и многу други фактори специфични за секој брачен пар. Но, како се справуваат децата? Повторно, справувањето зависи пред се од возраста на детето, неговите внатрешни сили, емотивната поддршка од околината, но најважно односот на родителите. Децата ќе бидат полни со прашања и ќе бараат одговори и имаат п...

Овде и сега

„ Да се биде сега и овде значи да се биде свесен за сегашниот миг кој е единствен и неповторлив“.   🔸Звучи едноставно, но како да се биде сега и овде, кога умот е навикнат да лута и патува на релација минато-иднина? 🧠Кога со мислите сме во минатото, заглавени сме во нешто што е завршено, без можност за промена. Кога пак размислуваме за иднината, се заглавуваме во претпоставки и несигурности. Неизвесноста расте, а со неа и вознемиреноста. ⭐️Она што со сигурност го знаеме и над што може да имаме целосна контрола е сегашниот момент. 📌Вежба за практикување на свесноста за сега и овде: ⭐️Помини неколку мига во чисто набљудување на околината. ⭐️Сконцентрирај се на се она што е околу тебе и замисли дека до најситен детал ќе треба да дадеш опис за се она што те окружува. ⭐️Што гледаш? Што те опкружува? Какви бои гледаш? Колкава е големината на објектите што те опкружуваат? Што има околу тебе? Што се движи, а што мирува? ⭐️Сега сконцентрирај се на она што го слушаш. Ако ти е поудобно со ...