Skip to main content

Симптоми на депресијата – зошто е важно рано препознавање

 

          


Како што тврди психијатрот Грубшин, Депресијата не е минлива состојба на нерасположение и пасивност, туку се работи за сериозна болест која треба да се лекува. Таа влијае на целокупниот живот на болниот и има значајно влијание на социјалното опкружување на личноста. Лекувањето не доаѓа преку ноќ, туку е потребна упорност и што повеќе знае болниот за депресијата, полесно ке биде рамноправен партнер во совладување на истата.

 

 Главни знаци на депресијата

 Промена на расположението  во депресија може да се јави без видлива причина или во очигледен расчекор со она потенцијално ја предизвикало.

 Депресија е болест позната од дамнешни времиња, па така нејзиното име доаѓа од латинскиот јазик, од латинскиот збор, deprimere, што значи да се поттиснува, притиска или вдлабнува. Во депресијата е поттиснато расположението и токму такво патолошки снижено расположение е основно обележје на оваа состојба. Промена на расположенито во депресија може да се јави без видлива причина или во очигледен расчекор со она што потенцијално ја предизвикало.

Генерално, депресивното пореметување го карактеризираат епизоди на депресивно расположение кои можат са се повторуваат во тек на целиот живот, па така зборуваме за депресивно пореметување кое се повторува. Главни симптоми се тажно, односно намалено расположение, губење на енергија, губење на интерес и задоволства, пореметување на апетит и спиење, а понекогаш и размислување за самоубиство. Освен губењето на чувството за радост на животот, депресијата со себе го носи чувството за губење на интерес за работа.

 

Теории за појавување на депресијата

 

Депресијата почесто се појавува во некои семејства и кај крвните сродници на заболените од депресија, што упатува на значајна генетска основа. Почетокот на депресијата се објаснува со бројни биопсихосоцијални теории. Она што е познато е фактот дека депресијата почесто се појавува во некои семејства кај крвните сродници на заболените од депресија. Ризикот за заболување од ова пореметување во семејството на болниот е 2-3 пати поголем него што е тоа случај во општата популација. Тоа укажува на генетска основа подлога во развој на депресивното пореметување. Истражувањата на улогата  на наследство во појавување на депресијата засега покажуваат вклученост на многу гени кои го зголемуваат ризикот за развој на депресијата. Согласно ова, развојот на депресијата зависи како од генските предиспозиции, така и од влијанието на околината.

 

Биолошка основа на депресијата се промените во метаболизмот на хемијските молекули- неуропреносители (серотонин, норадреналин и допамин), како и број и осетливост на структурата на која неуропреносителите делуваат-рецептори. Токму тие неуропреносливи структури се место на делување на антидепресивите.

Бихевиорална теорија пак зворува за депресија кај личностите со помалку социјални вештини и вештини за решавање на проблемите, кои секогаш одново ја доживуваат негативната реакција на околината и на кои им недостасува самодоверба ( лична пофалба и награда за позитивно однесување).

Когнитивен модел на депресија поаѓа од претпоставката на искривено размислување, односно негативно размислување за себе, светот и иднината.

Психодинамските теории на депресијата ја објаснуваат интерна лутина т.е кон самиот себе, почива на  стварен или измислен пораз, а негативните емоции резултираат со со чувство на вина, безвредност, бесперспективност и сл.

Социјалните теории битна улога му дават на стресот, па така е најдена врска помеѓу загубата на едниот родител пред наполнети 11 години живот и развојот на депресијата во возрасно доба.

Денеска на депресијата гледаме како на биопсихосоцијално пореметување. Појавувањето на депресијата кај поединците кај кои постои помала или поголема вродена предодреденост за појавување на депресијата, а неповолни и стресни случувања претставуваат плодно тло за развој на болеста. Овдека е битно да се нагласи дека депресијата е болест, со свои генетски и биолошки карактеристики.

Значи депресијата не е минлива состојба на лошо расположение и пасивност – таа е сериозна болест која треба да се лекува. Голем број на луѓе ја имаат почуствувано состојбата на послабо расположение, кога се чувствуваат лошо и безволно, но ако тие состојби се минливи и не влијаат значајно на функционалноста на поединецот, тогаш тоа не е депресија. Депресија е силно нерасположение, кое не е минливо, кое трае, или повторно се враќа без видлива причина, со други зборови во депресија е скоро неможно или тешко да се работи, да се има социјален живот, да се учи, спие и/или јаде.

 

Инциденца на депресијата кај населението

 

Депресијата најчесто се појавува во четириесеттите години од животот, но може да започне и во фазата на адолесценција, како и во постаро доба од животот.

 

Жените почесто заболуваат од депресијата од мажите во однос 2-1,но точната причина за оваа појава не е позната. Депресијата најчесто се јавува во четириесеттите години од животот, но може да започне и во фазата на адолесценција, како и во постаро доба од животот. Во секој случај, се бележи пораст на бројот на заболени, а се е почеста и кај помладите луѓе. Животен ризик за заболување од депресија е 10-15% ( во зависност од типот и начинот на истражување). Тоа конкретно значи дека 10-15% од луѓето ќе заболат од депресија во текот на животот. Бидејки депресијата најчесто се појавува во средно старосно доба, ја погаѓа работно способната популација и на тој начин создава основа за значајни економски губитоци. При тоа не се мисли само на трошоците на лечењето, туку и на индиректните трошоци поради користење на боледувања и помала продуктивност.

 Депресијата почесто се јавува и кај индивидуи заболени од некои телесни заболувања, нпр срцеви заболени, дијабетичари, после мозочен удар и слично. Кај ваков тип на заболени, полош е квалитетот на животот и потешко се справуваат со основната болест, во споредба со заболените кои не се депресивни. На пример, кај дијабетичарите депресијата е тесно поврзана со со лошотото внимани кон себе (вклучувајки и земање лекови, придржување кон диета, телесна активност и следење на нивото на гликозата во крвта)

 

Симптоми на депресијата

 

Заболените од депресија се тажни и бесперспективни, ги мачи чувство на вина, веруваат дека ги разочарале другите луѓе и дека се товар за семејството.

 

Депресијата влијае на целокупниот живот на заболениот, но и на неговата околина.  Како што вели Грубшин, депресијата влијае врз брачните,семејните, профсионалните и социјални односи и предизвикува значајни потешкотии. Клиничката депресија, која бара лечење, сосема е подруга во однос на краткотрајните лоши расположенија кои ги доживуваат голем број на луѓе како нормална реакција предизвикана поради одредена загуба. Кај личностите со нормална тага се одржува концентрацијата и способноста за доживување на задоволство, таквите личности можат да уживаат во дружбата со со семејството и пријателите.

Од друга страна, депресивните заболени се тажни и бесперспективни, ги мачи чувството на вина, веруваат дека ги разочарале другите луѓе и дека се на терет на членовите на семејството. Можат да бидат нервозни, да чувствуваат мачнина и напнати, избегнуваат дружење и се повлекуваат во себе. Чувствата им се умртвени, отапени и не уживаат веќе во активностите кои порано ги задоволувале. Губат интерес, немаат енергија, се им е буквално тешко и напорно, се откажуваат од вообичаените активности и хоби. Освен ова, тешко се концентрираат и слбо помнат. Преокупирани се со своите лоши чувства, ги преувеличуваат проблемите и ги сведуваат на минимум можностите за решавање на проблемите. Пореметени им се и телесните функции-сонот им е лош и не ги одмара, апетитот и либидото се ослабнати (иако има сличаи кај некои поединци и да е зголемен апетитот). Типично за нив е зголемување на депресијата во утринските часови. Многумина не веруваат во можноста за лечење, дури и оние кои веќе ја имаат поминато депресивната епизода порано во животот и успешно ја надминале, односно се излечиле.

Понатаму, тешко депресивно заболените понекогаш се толку пасивни и повлечени да ја занемаруваат и личната хигиена. Некои поединци ги мачи толку силно чувство на безнадежност кое ги доведува до размислување за смртта па дури и планираат самоубиство. Постоење на разработен план за самоубиство и зборување за такви намери представува сериозно предупредување. Таквите разговори со депресивниот заболен не смееме да ги пренабегнеме, туку треба под итно да се бара лекарска помош.

 

Главни дијагностички критериуми

 

Главни дијагностички критериуми за депресивна епизода, согласно Дијагностичкичкиот и статистички прирачник за душевни пореметувања (ДСМ-В0 на Американското психијатриско здружение, се следни:

 

-        депресивно расположение во поголем дел од денот, што се наведува како субјективен исказ или запазување од други,

-        во голема мера намален интерес и/или задоволство во сите (или готово сите) активности во поголем део од денот, готово секој ден,

-        значаен губиток на телесна тежина (нпр повеќе од 5% телесна маса секој месец) без редукциска диета или добивање ан тежина или намалување или зголемување на апетитот.

-        Нессоница или (поретко) претерано спиење,

-        Психомоторна вознемиреност/  агитација или успореност ( што го приметува околината),

-        Замор или губење енргија,

-        Чувство на безвредност или големо или непримерно на ситуацијата чувство на вина ( не само чувство на вина порди болеста),

-        Намалена способност за размислување или концентрација или неодлучност ( било како субјектвно чувство или видливо од страна на други),

-        Повторувачко размислување за смртта, суицидални идеи без посебен план, обид за самоубиство или посебен план за извршување  на самоубиство.

 

Симптомите мора да предизвикаат клинички значајни пречки или оштетувања во социјално, работно или друго битно подрачје на функционирање. Пореметувањето не настанува поради непосредни физиолошки потреби на психоактивни супстанции или општа здравствена состојба, осносно паралелни присатни болести. Симптомите потребни за поставување на дијагнозата на сепресивна епизода треба да се пристни минуму две недели во континуитет.

 

Лекување на депресијата

 

Фармацевтско и психијатриско лекување на депресивното пореметување меѓусебно се надополнуваат и даваат најдобри резултати.

 

Депресивните епизоди можат да се лечат во голем број на случаи. Фармацевтско и психијатриско лекување на депресивното пореметување се надополнуваат и даваат нјдобар резултат. Многу е битно пациентотт да да знае дека не се работи за болест која може многу бргу да се реши и дека лековите кои се препишуваат имаат одложено дејство од 2-3 недели. Понатаму, на пациентот треба да му се обрне внимание дека немањето брз тераписки ефект не значи дека лекот е неделотворен, туку дека само го немаат користено доволно долго.

 

Понекогаш е потребно да се земаат повеќе лекови, нпр два антидепресиви со различен механизам на дејствување. Она што е важно да се нагласи е тоа дека е потребно лекарствата да продолжат да се земаат и по повлекување на симптомите на болеста. Раната детекција на болеста и адекватното лечење  во голем број на случаи водат до ремисија( состојба без симптоми на заболувањето) ја превенираат појавата на нови епизоди на болеста, а исто таки ги намалуваат емоционалните и финансиски терети.

 

Заклучок

 

Депресијата е сериозно душевно пореметување, т,е вистинска болест која мора да се лечи. Значи оваа состојба не е знак на слабост, а што повеќе познавања има пациентотот за депресијата и што повеќе учествува во програмот на своето лечење, полесно и поуспешно ќе се ослободи од оваа болест. Сепак, треба да се нагласи дека излекувањето никогаш не доаѓа преку ноќ, туку дека се потребни повеќе недели за да пациентотот се чувствува подобро.

 

Превод на тескт превземен од:

https://www.plivazdravlje.hr/aktualno/clanak/31433/Simptomi-depresije-zasto-je-vazno-rano-prepoznavanje.html

*Фотографија превземена од: https://medium.com/@monteiro/twitters-great-depression-4dc394ed10f4

 

Comments

Popular posts from this blog

Овде и сега

„ Да се биде сега и овде значи да се биде свесен за сегашниот миг кој е единствен и неповторлив“.   🔸Звучи едноставно, но како да се биде сега и овде, кога умот е навикнат да лута и патува на релација минато-иднина? 🧠Кога со мислите сме во минатото, заглавени сме во нешто што е завршено, без можност за промена. Кога пак размислуваме за иднината, се заглавуваме во претпоставки и несигурности. Неизвесноста расте, а со неа и вознемиреноста. ⭐️Она што со сигурност го знаеме и над што може да имаме целосна контрола е сегашниот момент. 📌Вежба за практикување на свесноста за сега и овде: ⭐️Помини неколку мига во чисто набљудување на околината. ⭐️Сконцентрирај се на се она што е околу тебе и замисли дека до најситен детал ќе треба да дадеш опис за се она што те окружува. ⭐️Што гледаш? Што те опкружува? Какви бои гледаш? Колкава е големината на објектите што те опкружуваат? Што има околу тебе? Што се движи, а што мирува? ⭐️Сега сконцентрирај се на она што го слушаш. Ако ти е поудобно со ...

Како изгледа твојата грижа?

  Како изгледа твојата грижа? ♦️Како изгледа твојата анксиозност? ♦️Можеш ли да ја нацрташ? ♦️Тоа може да биде појава, животно, чудовиште, личност, облик, боја, линија - употреби фантазија. ♦️Дај и/му име ♦️Откако ќе ја нацрташ 💭замисли си дека разговараш со грижата ♦️Можеш да и поставиш прашања, како на пример: 👉🏼имаш ли причина да бидеш тука? 👉🏼која е твојата функција/улога во мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, како би изгледал мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, за што би размислувал/а? 👉🏼што е најлошото што може да се случи? 👉🏼а, што е најдоброто што може да се случи? 👉🏼што треба да направам за да си заминеш? Фантазирајте, отпуштете се, дозволете си да проговори несвесното. 🌷Ако оваа вежба е премногу стресна за вас, поразговарајте со блиска личност или психолог.

ДОВОЛНО ДОБРА

  Кога си ја дадов дозволата да бидам Доволно добра, знаев дека тоа има врска со шемата Високи стандарди. Доволно долго сум во психотерапија, лично и професионално, за да знам дека зад оваа шема се кријат и шемите Дефектност и Емоционална Депривација. Тоа е убавината на терапијата, стануваш спремен да (на)учиш како да прифатиш и живееш со сите несовршености во секојдневниот живот и релациите. Во релации човек може да се излечи и разболи. А, кога е присутна шемата Превисоки стандарди, страдаат релациите. Има многу брзање, притисок, малку време и она “може подобро”. Подобра работа, подобар брак, врска, подобар ден, подобар партнер, подобар живот, подобар Јас. Тешко е да се задоволат превисоките стандарди, тешко е да се биде доволно добар партнер, син, ќерка, колега, пријател. Но, најтешко им е на нив самите. Секојдневно во борба со самите себе и сопствените очекувања. Како на автоматска трака за трчање, без опција за исклучување. А, кога би била можна таа опција, тогаш би имало повеќ...