Skip to main content

Црвенкапа

 


Сликата на волкот како ја јаде Црвенкапа и нејзината баба е слика која ниту едно дете не ја заборава лесно и кое не било престрашено кога го слушнало овој дел од приказната. Црвенкапа има многу варијанти, а еден од првите преводи е оној на Перо, кој не завршува само со зборовите: „И, изрекувајќи ги овие зборови, лошиот волк рипна врз Црвенкапа и ја изеде.“[1]

Но, тука не завршува оригиналот, во Перовата верзија постои и мала песна, која се труди да им укаже на малите девојчиња дека не треба да слушаат секакви луѓе, односно завршува со мала морална лекција.

И, еве пораката станува јасна, иако Бетлхајм смета дека темата со проголтувањето е централна тема во Црвенкапа. Таа се занимава со некои клучни проблеми кои девојче од школска возраст мора да ги реши, доколку едипалната врзаност се задржи во нејзиното несвесно, што може да ја наведе да се изложи на опасноста на заведувањето.[2]

Црвенкапа е поголема, таа веќе ја надминала едипалната фаза, а тоа го заклучуваме од тоа што сама тргнува во шумата, додека мајка и ја предупредува да не скршне од правиот пат. И, овде Бетлхајм го гледа принципот на задоволство, кој не смее да ја наведе Црвенкапа да скршне од вистинскиот пат. Тоа дури и волкот го посочува, кога ја прашува дали го гледа убавото цвеќе околу неа или дали ги слуша птиците како пеат, каде ли тргнала толу замислена. Тоа е тој судир помеѓу она што личноста треба или сака да направи.

Централна тема во целата приказна е црвената боја. Таа е симбол за насилни емоции, вклучувајќи ги и сексуалните.[3] Бабата го дава црвеното капче на Црвенкапа и симболично и ја предава сексуланоста, како да и допушта да влезе во тој свет. Но, опасноста е во тоа што Црвекапа се уште не е доволно зрела, за да се носи со таков подарок. Прераната сексуалност, не враќа во едипалните фази, што Црвенкапа го потврдува низ својата амбиваленција, кога го упатува волкот кон куќата на баба си. Како да сака да му каже „оди таму, таа ќе се справи со тебе, јас се уште не знам како.“

Според Бетлхајм „оваа борба помеѓу нејзината свесна желба да ја направи вистинската работа и несвесната желба да ја победи својата мајка (баба) е тоа што ја прави оваa приказна толку човечна.“[4]

Ова прво толкување на некое сексуално тежнеење, карактеристично за адолесцнтното доба е повеќе присутно во раните верзии на Црвенкапа. Во верзијата на браќата Грим, акцентот е на послушноста, иако за целосно разбирање на приказната се провејува и тој момент на сексуланоста. За детскиот ум, сексуалните импликации остануваат предсвесни, а лоша е непослушноста. Нема ништо лошо во берењето цвеќе, но Црвенкапа не требаше да се задржува и скршнува по патот. Детето не е свесно колку може да биде опасно, кога им се препушта на своите желби, па станува неопходно да дознае за таа опасност.

Црвенкапа ги екстрнализира внатрешните процеси на пубертетското дете, волкот е екстернализација на злобата, која детето ја чувствува кога ќе се спротивстави на предупредувањата од родителите и ќе дозволи да биде доведено во сексуално искушение. Кога ќе залута на патот, среќава некој злотвор, се плаши дека злотворот ќе го проголта, заради тоа што ја изневери довербата на родителите, но за среќа и од таквата ситуација има излез.

Ако Црвенкапа е идот, ловецот, спасителот е супер егото. Тој е реалноста и победата над злото.

Хирушката интервенција, моментот кога ловецот ја вади Црвенкапа и бабата од стомакот на волкот, наликува на чинот на породување, царски рез и раѓање. Се поставува прашањето за бременоста и раѓањето, а одговорот е јасен. За да дојде до тоа, мора да се случи проголтување. А, што е сексуланиот чин, ако не е проголтување, понирање и на крајот повторно раѓање. Тоа е крајната порака, тие не умираат стварно, но повторно се раѓаат, изменети, на некое повисоко ниво.

Црвенкапа прво го следеше принципот на задоволство и се врати на раната едипална фаза, се врати на раниот облик на постоење, примитивниот. Детето размислува поларно и заради тоа и нејзиното враќање е интраматерично, толку многу преувеличено. Таа симбилочна смрт е нејзниот неуспех, но повторното раѓање е нејзиниот успех, што се гледа во последната реченица:

„Никогаш повеќе, додека сум жива, нема да скршнам од патот и истрчам во шума, кога мајка ми ќе ми забрани.“[5]

Драгица Стаменковиќ, лиценциран психолог, семеен советник, NLP Practitioner

 

Литература:

Pero, Šarl. Najljepše bajke svijeta. Sarajevo: Svjetlost, 1990.

Betelhajm, Bruno. Značenje bajki. Beograd, Podgorica: Nova knjiga, 2015.

Грим, Јакоб и Вилхем. Трнова ружица и друге бајке. Београд: Младо Поколење, 1963.

https://fairytalez.com/little-red-cap-little-red-riding-hood-grimms-version/

 *Илустрација превземена од: https://mattandersondesign.com/wikia-fandom-dark-fairytales.



[1] Šarl Pero, Najlepše bajke svijeta (Sarajevo:Svjetlost , 1990), 28.

[2] Bruno Betelhajm, Značenje bajki, 161.

 

[3] Ibid, 172.

[4] Ibid.

[5] Јакоб и Вилхем Грим, Трнова ружица и друге бајке (Београд: Младо Поколење, 1963), 49.

Comments

Popular posts from this blog

Овде и сега

„ Да се биде сега и овде значи да се биде свесен за сегашниот миг кој е единствен и неповторлив“.   🔸Звучи едноставно, но како да се биде сега и овде, кога умот е навикнат да лута и патува на релација минато-иднина? 🧠Кога со мислите сме во минатото, заглавени сме во нешто што е завршено, без можност за промена. Кога пак размислуваме за иднината, се заглавуваме во претпоставки и несигурности. Неизвесноста расте, а со неа и вознемиреноста. ⭐️Она што со сигурност го знаеме и над што може да имаме целосна контрола е сегашниот момент. 📌Вежба за практикување на свесноста за сега и овде: ⭐️Помини неколку мига во чисто набљудување на околината. ⭐️Сконцентрирај се на се она што е околу тебе и замисли дека до најситен детал ќе треба да дадеш опис за се она што те окружува. ⭐️Што гледаш? Што те опкружува? Какви бои гледаш? Колкава е големината на објектите што те опкружуваат? Што има околу тебе? Што се движи, а што мирува? ⭐️Сега сконцентрирај се на она што го слушаш. Ако ти е поудобно со ...

Како изгледа твојата грижа?

  Како изгледа твојата грижа? ♦️Како изгледа твојата анксиозност? ♦️Можеш ли да ја нацрташ? ♦️Тоа може да биде појава, животно, чудовиште, личност, облик, боја, линија - употреби фантазија. ♦️Дај и/му име ♦️Откако ќе ја нацрташ 💭замисли си дека разговараш со грижата ♦️Можеш да и поставиш прашања, како на пример: 👉🏼имаш ли причина да бидеш тука? 👉🏼која е твојата функција/улога во мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, како би изгледал мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, за што би размислувал/а? 👉🏼што е најлошото што може да се случи? 👉🏼а, што е најдоброто што може да се случи? 👉🏼што треба да направам за да си заминеш? Фантазирајте, отпуштете се, дозволете си да проговори несвесното. 🌷Ако оваа вежба е премногу стресна за вас, поразговарајте со блиска личност или психолог.

ДОВОЛНО ДОБРА

  Кога си ја дадов дозволата да бидам Доволно добра, знаев дека тоа има врска со шемата Високи стандарди. Доволно долго сум во психотерапија, лично и професионално, за да знам дека зад оваа шема се кријат и шемите Дефектност и Емоционална Депривација. Тоа е убавината на терапијата, стануваш спремен да (на)учиш како да прифатиш и живееш со сите несовршености во секојдневниот живот и релациите. Во релации човек може да се излечи и разболи. А, кога е присутна шемата Превисоки стандарди, страдаат релациите. Има многу брзање, притисок, малку време и она “може подобро”. Подобра работа, подобар брак, врска, подобар ден, подобар партнер, подобар живот, подобар Јас. Тешко е да се задоволат превисоките стандарди, тешко е да се биде доволно добар партнер, син, ќерка, колега, пријател. Но, најтешко им е на нив самите. Секојдневно во борба со самите себе и сопствените очекувања. Како на автоматска трака за трчање, без опција за исклучување. А, кога би била можна таа опција, тогаш би имало повеќ...