Skip to main content

Пореметување на личност

 



Основна карактеристика на овие нарушавања е специфичниот образец на примање, реакција и воспоставување на меѓучовечки односи, кои што образци се прилично фиксирани, неелстични, друштвено неприфатливи и неприлагодени. Генрално, тешко се адаптираат на реалноста и окружувањето.

Луѓето кои страдаат од ова нарушување најчесто не се свесни дека нивното однесување или мислење не одговараат и не се прифатени од околината, туку напротив – убедени се дека нивните образци се исправни и вистински.

 Во теоријата се зборува за повеќе видови на пореметување на личност и тоа:

 Параноидна личност

Личностите кои страдаат од параноидно нарушување внатрешните конфликти ги проектираат на окружувањето. Ладни се и дистанцирани. Во секое добро дело наоѓаат лоши и скриени намери. Претерано се сомничави и често заради тоа  луѓето ги избегнуваат, што тие го толкуваат како нивна лоша намера.

Многу често превземаат правни дејствија против другите и постојано се огорчени. Сакаат да работат во изолација и можат да бидат прилично делотворни и совесни.

 Шизоидна личност

Овие луѓе се повелечени во себе и осамени. Емоцинално се ладни и  социјално воздржани. Најдобро се забавуваат со своите мисли и чувства. Се плашат од блискост и интима со другите. Не се комуникативни, фантазираат и склони се кон теоретизирање, а многу помалку кон практично извршување.

Некои од нив покажуваат знаци на магично размислување и склони се да наоѓаат причинско – последични врски меѓу нешта кои се целосно неповрзани.

 Хистерична личност

Хистеричните луѓе со своето драматично однесување бараат внимание. Лесно воспоставуваат контакти, но сите врски им се површни. Емотивните реакции им се пренагласени и детинести, а имаат за цел да предизвикаат сочувство и интерес кај другите. Склони се на провокативно, сексуално однесување, а често пати несексуалните односи ги претвораат во сексуални. Нивното однесување на значи дека бараат полов однос, најчесто на овој начин ја прекриваат својата желба за бидат заштитени и зависни од некого.

 Нарцисоидна личност

Овие луѓе имаат чувство на надмоќ и грандиозна слика за себе и своите вредности. Преосетливи се на критика, пораз или неуспех и често пати кога ќе се соочат со некој неуспех стануваат агресивни или депресивни. Со оглед на тоа дека веруваат дека се најдобри и подобри од другите, очекуваат восхит од окружувањето. Веруваат дека имаат право да им се исполната сите потреби и желби веднаш и без одлагање, а при тоа во предвид не ги земаат потребите на другите.

 Асоцијална личност

Порано за асоцијалните личности се сметаше дека се социопатски личности, а се карактеризираат со бесчувствителност за правата, потребите и емоциите на другите. Ги искористуваат луѓето за остварување на сопствените потреби и задоволства. На екстерните и интерни конфликти реагираат раздразливо и неодговорно, не поднесуваат разочарување и често пати се дрски и непријателски расположени.

Иако нанесуваат штета на луѓето од окружувањето, не чувствуваат грижа на сосвест и вина, туку напротив, ги напаѓаат другите мислејќи дека само тие се во право. Нивните врски и односи се манипулаторски и многу тешко и ретко го менуваат своето однесување.

Склони се на алкохолизам, зависност од психотропни супстанци, сексуални перверзии и деликвентно однесување. Тешко се задржуваат на едно место, менуваат партнери и професии. Во анамнезата честопати се среќава асоцијално однесување, злоупотреба и злоставување. Кај најголем дел од нив забележано е дека во детството биле емоционално занемарени и физички злоставувани.

 Гранична личност

Статистиката покажува дека жените во поголем број од мажите страдаат од ова нарушување. Тие се несигурни во однос на самите сабе, имаат променливо расположение и однесување. Многу често во детството биле лишeни од соодветна нега и како последица на тоа се чувствуваат празно, луто и имаат пренаглесена потреба за грижа. Се чувствуваат осамени и напуштени, а често пати страдаат и од депресија и пореметување во исхраната.

Во моментите кога ќе се почувствуваат напуштени од саканата личност, се случува бурна промена во нивното однесување и стануваат претерано лути и бесни, на себе си и другите. Нивниот поглед на светот е црно-бел и се движи од љубов до омрза и нема умереност или неопределност.

Од време на време се одделуваат од стварноста и имаат кратки епизоди на психотично однесување, параноја и халуцинации.

 Избегнувачка личност

Луѓето со избегнувачка црта на личност се преосетливи на отфрлување и исплашени да започнат однос поради страв од отфрлување и разочарување. Имаат силна желба за прифаќање и љубов. Страдаат поради изолацијата во која се наоѓаат и неспособноста да остварат однос со другите. За разлика од граничните личности на отфрлувањето не одговараат со лутина и бес, туку се срамежливи и исплашени. Ова нарушување е слично со социјалната фобија.

 Зависна личност

Зависните личности ги препуштаат своите одлуки и одговорностити на другите. Потребите на другите се над нивните потреби. Имаат ниска самодоверба и не веруваат дека можат да се грижат сами за себе си. Постојано се жалат дека не знаат како да донесат одлука или како да постапат. Се воздржуваат да го изнесат своето мислење од страв дека ќе ги повредат другите.

Понекогаш хронично болните или луѓето со долготрајни болести развиваат црти на зависна личност.

 Опсесивно-компулсивна личност

Опсесивно-компулсивните личности се веродостојни, доверливи, организрани и методични, но тешко се адаптираат на промени. Тие се премногу внимателни, влегуваат во детали и анализираат, што им го отежнува процесот на одлучување. Иако ваквото однесување се смета за одговорно, сепак овие личности не поднесуваат грешки, се заробуваат во детали и се случува да не ги исполнат своите обврски во целост. Наместо да ја извршат задачата, тие се заплеткуваат и забораваат која е крајната цел. Чувствуваат преголема одговорност и претераната загриженост ги спречува да уживаат во задоволство од своите постигнувања.

Тие постигнуваат значајни резултати, посебно во науката каде што е потребен интелект, ред и внимателност. Сепак, може да се почувствуваат изолирани од своите чувства и нелагодност кога ќе се најдат во ситуации каде што не можат работите да ги држат под контрола.

 Пасивно-агресивна личност

Луѓето со оваа црта на личност имаат скриена намера да ги контролираат другите. Нарушувањето се манифестира преку одолговлекување, неделотворност и мрзоволност. Често пати се согласуваат да извршат некоја задача, но подоца прават се за да го отежнат извршувањето. На тој начин покажуваат сокриено непријателство.

*Илустрација превземена од: http://psihoterapijsketeme.rs/2011/poremecaj-licnosti/

 

 

 

Comments

Popular posts from this blog

Како изгледа твојата грижа?

  Како изгледа твојата грижа? ♦️Како изгледа твојата анксиозност? ♦️Можеш ли да ја нацрташ? ♦️Тоа може да биде појава, животно, чудовиште, личност, облик, боја, линија - употреби фантазија. ♦️Дај и/му име ♦️Откако ќе ја нацрташ 💭замисли си дека разговараш со грижата ♦️Можеш да и поставиш прашања, како на пример: 👉🏼имаш ли причина да бидеш тука? 👉🏼која е твојата функција/улога во мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, како би изгледал мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, за што би размислувал/а? 👉🏼што е најлошото што може да се случи? 👉🏼а, што е најдоброто што може да се случи? 👉🏼што треба да направам за да си заминеш? Фантазирајте, отпуштете се, дозволете си да проговори несвесното. 🌷Ако оваа вежба е премногу стресна за вас, поразговарајте со блиска личност или психолог.

Што ако не Ви се допаѓаат пријателите на Вашето дете?

  Во тек на предшколскиот период и во помалите одделенија од основното училиште, пријателствата на Вашето дете најчесто се моделирани од Ваша страна. Тоа е така бидејки бидејки Вашето дете се дружи со децата на Вашите пријатели или со деца од Вашето маало, градинка и одделенија со чии родители Вие сте повржани на некој начин. Селекцијата, значи ја вршите Вие врз основа на тоа дали Вам ви одговараат родителите на врсниците на Вашето дете. Тогаш буквално скоро се се одвива под Ваш надзор, средбите и дружењата со другарите зависат од тоа дали Вие имате слободно време да го однесете детето на играње, дали Вие сте дома за да можат да му дојдат другарчиња и слично. На детето сеуште му е многу важно Вашето мислење па Ви раскажува за секој со кого остварува интеракција и до најситен детал го прераскажува секое дружење и она што му се случува во текот на играта.   Меѓутоа, по неколку години сето тоа се менува. Ви се допаѓало тоа Вам или не мислењето на врсниците и самата припадност...

Деца и Развод

  Иако секој трет брак во Европа се разведува, се уште разводот како стресен настан се наоѓа на второ место, веднаш после смрт на близок член. Со разводот не се губи само партнер, се губат секојдневни навики, ритуали, заеднички ручеци, планови за патувања, заеднички пријатели и роднини. Во многу случаи разводот претставува губиток на идентитет и процес во кој емотивната состојба кај сите засегнати од процесот поминува низ различни фази и се движи од лутина и бес, до тага и рамнодушност. Како партнерите ќе се справат со разводот зависи од многу фактори: причини за развод, карактерни особини на партнерите, начин на кој е договорен разводот, дали е планиран или се случил ненадејно и многу други фактори специфични за секој брачен пар. Но, како се справуваат децата? Повторно, справувањето зависи пред се од возраста на детето, неговите внатрешни сили, емотивната поддршка од околината, но најважно односот на родителите. Децата ќе бидат полни со прашања и ќе бараат одговори и имаат п...