Skip to main content

КОИ СЕ ТВОИТЕ ПОТРЕБИ?


 💭Како да ги препознаеме своите потреби? Од листата подолу, за кои од овие потреби сте свесни?


🔹физичка безбедност и сигурност
🔹финансиска сигурност
🔹пријателство
🔹внимание од околината
🔹да бидете слушнати од другите
🔹лидерство
🔹почитување
🔹валидација
🔹потреба да ги изразите и поделите своите чувства
🔹чувство за припадност
🔹нега и грижа
🔹потреба за физички контакт
🔹блискост
🔹сексуално изразување
🔹лојалност и доверба
🔹успех и постигнување
🔹цели и нивно остварување
🔹компетенција
🔹забава и игра
🔹слобода и независност
🔹креативност
🔹духовност
🔹љубов

📍Кои од овие потреби не ви се задоволени? Кои конкретни чекори би можеле да ги превземете во наредните денови, недели или месеци за задоволување на овие потреби?

📍На пример, ако отидете во кино или во диско, може да ја задоволите потребата за забава и игра.

💭А, кои од овие потреби ви се задоволени?

📌Колку е подолг овој список, толку сме посреќни.

Comments

Popular posts from this blog

Како изгледа твојата грижа?

  Како изгледа твојата грижа? ♦️Како изгледа твојата анксиозност? ♦️Можеш ли да ја нацрташ? ♦️Тоа може да биде појава, животно, чудовиште, личност, облик, боја, линија - употреби фантазија. ♦️Дај и/му име ♦️Откако ќе ја нацрташ 💭замисли си дека разговараш со грижата ♦️Можеш да и поставиш прашања, како на пример: 👉🏼имаш ли причина да бидеш тука? 👉🏼која е твојата функција/улога во мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, како би изгледал мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, за што би размислувал/а? 👉🏼што е најлошото што може да се случи? 👉🏼а, што е најдоброто што може да се случи? 👉🏼што треба да направам за да си заминеш? Фантазирајте, отпуштете се, дозволете си да проговори несвесното. 🌷Ако оваа вежба е премногу стресна за вас, поразговарајте со блиска личност или психолог.

Анксиозност

                                   Познато е чувството на немир, страв, загриженост, паника, напнатост или нервоза.   Сите тие чувства се обединуваат под називот анксиозност. Овие чувства се секојдневни и составен дел од животот.   Во стресни ситуации или важни ситуации од кои   очекуваме некој исход, нормално е да се чувствуваме анксиозни или загрижени. Меѓутоа понекогаш се случува да се преокупираме со некоја ситуација, постојано да мислиме на некој проблем или да сме во некое очекување и загриженост, со што се пореметува нашето вообичаено однесување. Во некои такви околности ќе почнеме да јадеме повеќе или да заборавиме да јадеме, да пушиме повеќе, да чувствуваме напнатост во мускулите, срцето забрзано да ни чука, да ни се потат рацете, а константното чувство на немир да не не напушта. Доколку овие чувства продолжат и по завршување на ситуацијата или не обземаат...

ДОВОЛНО ДОБРА

  Кога си ја дадов дозволата да бидам Доволно добра, знаев дека тоа има врска со шемата Високи стандарди. Доволно долго сум во психотерапија, лично и професионално, за да знам дека зад оваа шема се кријат и шемите Дефектност и Емоционална Депривација. Тоа е убавината на терапијата, стануваш спремен да (на)учиш како да прифатиш и живееш со сите несовршености во секојдневниот живот и релациите. Во релации човек може да се излечи и разболи. А, кога е присутна шемата Превисоки стандарди, страдаат релациите. Има многу брзање, притисок, малку време и она “може подобро”. Подобра работа, подобар брак, врска, подобар ден, подобар партнер, подобар живот, подобар Јас. Тешко е да се задоволат превисоките стандарди, тешко е да се биде доволно добар партнер, син, ќерка, колега, пријател. Но, најтешко им е на нив самите. Секојдневно во борба со самите себе и сопствените очекувања. Како на автоматска трака за трчање, без опција за исклучување. А, кога би била можна таа опција, тогаш би имало повеќ...