Skip to main content

Трансакциона анализа

 



ТА е теорија на личност и системска психотерапија чија основна цел е личен развој и промена.

Како теорија на личност, ТА нуди слика за  тоа како луѓето се психолошки структурирани, користејќи го моделот на Его состојбите. ТА не запознава и со теоријата на комуникација која ни служи како основа за анализа на системите и организациите. Ни нуди и тероија за равоја на детето. Концептот на животниот скрипт објаснува на кој начин сегашните облици на однесување водат потекло од детството. Преку овој концепт ТА ни објаснува како продолжуваме да применуваме стратегии кои сме ги развиле во детството, дури и кога ни предизвикуваат чувство на неуспех, па дури и патење. На овој начин ТА ни ја дава теоријата на психопатологија.

Клучни идеии на кои се темели ТА:

-        Модел на его состојба. Его сотојба претставува збир од однесување, мислење и чувства.

Постојат три его состојби: возрасен, родител и дете.

Ако се однесувам, мислам и чувствувам на начин преку кој ги користам сите достапни ресурси, сега и овде, се вели дека сум во его состојба на Возрасен.

Понекогаш се однесувам, мислам или чувствувам на начин кој потсетува на некој од моите родители или други личности кои за мене претставувале родители и тогаш се вели дека сум во его состојба на Родител.

Во оние моменти кога се однесувам, мислам и чувствувам како во детството, тогаш сум во его состојба на Дете.

-        Трансакции, струкови и структурирање на времето. Трансакција е размена на комуникација. Пораката ја праќа испраќачот од една своја его состојба. Примачот ја прима во својата его состојба.

Строукови се сите препознавања, валидирања, повратни одговори од другите. Тие се потребни на сите луѓе за одржување на физичката и емотивната благосостојба.

Кога луѓето разменуваат трансакции, тие всушност го ползуваат времето на различни начини и тоа претставува структурирање на времето.

-         Животен скрипт – сценарио напишано уште во детството. Се однесува на целиот живот. Има свој почеток, заплет и крај. Основниот заплет го пишуваме уште додека сме мали и знаеме едвај неколку збора. Подоцна во детството додаваме уште некој детал, но најголем дел е веќе напишан до седмата година. Приказната може малку да ја корегираме во периодот на адолесценција.

-        Отпишување, редефинирање и симбиоза. Секогаш кога несвесно селектираме и бришеме преку нашата перцепција, ние всушност отпишуваме. Тоа го правиме за да останеме верни на нашиот скрипт. Во оние случаи кога перцепцијата на стварност ќе ја промениме за да ја вклопиме во нашиот скрипт, велиме дека редефинираме. Симбиоза е кога во односи со други луѓе се однесуваме и воспоставуваме односи кои сме ги имале се онашите родители кога сме биле деца.

-        Рекет, Маркици и Игри. Секое прикривање на автентичните чувства и ги заменуваме со чувства кои ни биле дозволени во детството, ние имаме рекет чувства.  Ако доживееме такви чувства и не ги изразиме, туку ги оставиме на страна, за во иднина, се вели дека собираме Маркици. Играта е трансакција во која двете страни имаат рекет чувства.

-       Автономија. Се стекнува со отфрлање на неефикасните стратегии, усвоени во детстово и нивна замена. Составни делови на автономија се: свесност, спонтаност и способност за интима. Постигнување на автономија е главна цел во ТА.

Филозофски претпоставки на кои се темели ТА се:

-        Луѓето се ОК

-        Секој има способност да мисли

-        Луѓето одлучуваат за своијата судбина, а тие одлуки можат да се менуваат.

Извадок од книгата I.Stjuart, V.Džoins, Savremena transakciona analiza, Novi Sad 2011.

*Илустрација превземена од: https://ta-tutor.com/we-all-have-3-ego-states-inside-us-whether-we-are-big-or-small


Comments

Popular posts from this blog

Како изгледа твојата грижа?

  Како изгледа твојата грижа? ♦️Како изгледа твојата анксиозност? ♦️Можеш ли да ја нацрташ? ♦️Тоа може да биде појава, животно, чудовиште, личност, облик, боја, линија - употреби фантазија. ♦️Дај и/му име ♦️Откако ќе ја нацрташ 💭замисли си дека разговараш со грижата ♦️Можеш да и поставиш прашања, како на пример: 👉🏼имаш ли причина да бидеш тука? 👉🏼која е твојата функција/улога во мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, како би изгледал мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, за што би размислувал/а? 👉🏼што е најлошото што може да се случи? 👉🏼а, што е најдоброто што може да се случи? 👉🏼што треба да направам за да си заминеш? Фантазирајте, отпуштете се, дозволете си да проговори несвесното. 🌷Ако оваа вежба е премногу стресна за вас, поразговарајте со блиска личност или психолог.

Анксиозност

                                   Познато е чувството на немир, страв, загриженост, паника, напнатост или нервоза.   Сите тие чувства се обединуваат под називот анксиозност. Овие чувства се секојдневни и составен дел од животот.   Во стресни ситуации или важни ситуации од кои   очекуваме некој исход, нормално е да се чувствуваме анксиозни или загрижени. Меѓутоа понекогаш се случува да се преокупираме со некоја ситуација, постојано да мислиме на некој проблем или да сме во некое очекување и загриженост, со што се пореметува нашето вообичаено однесување. Во некои такви околности ќе почнеме да јадеме повеќе или да заборавиме да јадеме, да пушиме повеќе, да чувствуваме напнатост во мускулите, срцето забрзано да ни чука, да ни се потат рацете, а константното чувство на немир да не не напушта. Доколку овие чувства продолжат и по завршување на ситуацијата или не обземаат...

Деца и Развод

  Иако секој трет брак во Европа се разведува, се уште разводот како стресен настан се наоѓа на второ место, веднаш после смрт на близок член. Со разводот не се губи само партнер, се губат секојдневни навики, ритуали, заеднички ручеци, планови за патувања, заеднички пријатели и роднини. Во многу случаи разводот претставува губиток на идентитет и процес во кој емотивната состојба кај сите засегнати од процесот поминува низ различни фази и се движи од лутина и бес, до тага и рамнодушност. Како партнерите ќе се справат со разводот зависи од многу фактори: причини за развод, карактерни особини на партнерите, начин на кој е договорен разводот, дали е планиран или се случил ненадејно и многу други фактори специфични за секој брачен пар. Но, како се справуваат децата? Повторно, справувањето зависи пред се од возраста на детето, неговите внатрешни сили, емотивната поддршка од околината, но најважно односот на родителите. Децата ќе бидат полни со прашања и ќе бараат одговори и имаат п...