Skip to main content

Колку си среќен?

 

        

Слободно земете лист и пенкало и запишете.

Ако Ви е полесно запишувајте област по област, дел по дел, коцка по коцка од својот живот и многу бргу ќе видите дека сепак постојат работи кои ве прават среќни.

А, што е среќа?

Чувство кое доаѓа по остварување на некој значајна цел за нас. Слично е со задоволство, но е појако, па го доживуваме како некој негов афект. Среќни сме кога ни се исполнува некоја многу голема желба или кога остваруваме некоја многу важна цел. Среќата е состојба која трае се додека не се појави друга желба или не поставиме нова цел.

Со ова сознание логично е дека не постои трајна среќа. Тоа би значело дека сите наши желби или цели се остварени. Во тој случај би немале двигател и можеби би се нашле на другиот квантум – досадата.

Среќата е динамична, таа зависи од надворешните околности, таа е подложна на промени.

Затоа, понекогаш помислуваме и сфаќаме дека она што некогаш не правеше среќни, веќе не успева во тоа.

А тоа е така бидејќи сме се промениле, се околу нас се променило и се менува секој ден, ни се менуваат желбите и потребите и доколку не ги следиме и не се трудиме да ги исполниме, за жал стануваме несреќни.

При тоа, важно е да разбереме дека среќата е емоција која ни покажува дека сме на добар пат. Дека правилно одговараме не промените, во согласност со нашите потреби.

Среќата ни покажува дека сме во склад со себе си и околината.

Заради тоа е многу штетно кога сакаме присилно да се доведеме во среќна состојба.

Како?

Употребувајќи психотропни супстанци, тежнејќи  кон еуфорија или очекувајќи деругите да не направат среќни, ние се оддалечуваме од нашите потреби, ги потиснуваме, избегнуваме одговорност и се оддалечуваме од себеси.

На тој начин стануваме се понесреќни.

Така да, време е да го видиме процентот и да се запрашаме уште колку може да го зголемиме?

Бројката ќе ни покаже каде сакаме да бидеме, но и ќе ни помогне да се запрашаме кој дел од себе го занемаривме.

*Фотографија превземена од: https://medium.com/@joshuashawnmichaelhehe/what-is-happiness-c68562220300


Comments

Popular posts from this blog

Како изгледа твојата грижа?

  Како изгледа твојата грижа? ♦️Како изгледа твојата анксиозност? ♦️Можеш ли да ја нацрташ? ♦️Тоа може да биде појава, животно, чудовиште, личност, облик, боја, линија - употреби фантазија. ♦️Дај и/му име ♦️Откако ќе ја нацрташ 💭замисли си дека разговараш со грижата ♦️Можеш да и поставиш прашања, како на пример: 👉🏼имаш ли причина да бидеш тука? 👉🏼која е твојата функција/улога во мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, како би изгледал мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, за што би размислувал/а? 👉🏼што е најлошото што може да се случи? 👉🏼а, што е најдоброто што може да се случи? 👉🏼што треба да направам за да си заминеш? Фантазирајте, отпуштете се, дозволете си да проговори несвесното. 🌷Ако оваа вежба е премногу стресна за вас, поразговарајте со блиска личност или психолог.

Анксиозност

                                   Познато е чувството на немир, страв, загриженост, паника, напнатост или нервоза.   Сите тие чувства се обединуваат под називот анксиозност. Овие чувства се секојдневни и составен дел од животот.   Во стресни ситуации или важни ситуации од кои   очекуваме некој исход, нормално е да се чувствуваме анксиозни или загрижени. Меѓутоа понекогаш се случува да се преокупираме со некоја ситуација, постојано да мислиме на некој проблем или да сме во некое очекување и загриженост, со што се пореметува нашето вообичаено однесување. Во некои такви околности ќе почнеме да јадеме повеќе или да заборавиме да јадеме, да пушиме повеќе, да чувствуваме напнатост во мускулите, срцето забрзано да ни чука, да ни се потат рацете, а константното чувство на немир да не не напушта. Доколку овие чувства продолжат и по завршување на ситуацијата или не обземаат...

ДОВОЛНО ДОБРА

  Кога си ја дадов дозволата да бидам Доволно добра, знаев дека тоа има врска со шемата Високи стандарди. Доволно долго сум во психотерапија, лично и професионално, за да знам дека зад оваа шема се кријат и шемите Дефектност и Емоционална Депривација. Тоа е убавината на терапијата, стануваш спремен да (на)учиш како да прифатиш и живееш со сите несовршености во секојдневниот живот и релациите. Во релации човек може да се излечи и разболи. А, кога е присутна шемата Превисоки стандарди, страдаат релациите. Има многу брзање, притисок, малку време и она “може подобро”. Подобра работа, подобар брак, врска, подобар ден, подобар партнер, подобар живот, подобар Јас. Тешко е да се задоволат превисоките стандарди, тешко е да се биде доволно добар партнер, син, ќерка, колега, пријател. Но, најтешко им е на нив самите. Секојдневно во борба со самите себе и сопствените очекувања. Како на автоматска трака за трчање, без опција за исклучување. А, кога би била можна таа опција, тогаш би имало повеќ...