Skip to main content

Хипотезите на Фројд

 

                

Во својот обид да го разбере човековиот ум, Фројд предлага неколу хипотези[1]:

-        Топографски модел : Психичкиот живот на човекот се одвива во несвесното, претсвесното и свесното подрачје. Во најголем дел во своето однесување човекот е детрминиран од несвесното. Тоа е прикажано преку познатиот цртеж со санта мраз, во кој само мал дел е свесното. Целта е секоја содржина во несвесното која има преголема енергија ( потисната сексуална енергија) е да дојде во свесното, каде што ќе ја изгуби својата сила и патологијата на човековото однесување ќе се нормализира. Во несвесното треба да се бараат нагоните, страстите, потиснатите идеи и емоции –тоа е големо подземје на виталните, невидливи сили кои имаат речиси целосна контрола над свесните мисли и постапки на поедницот.[2]

 

Претсвесното го означува оној дел од личноста или оној стадиум во личноста на поединцот кој во одреден момент не е достапен за паметење, но кој може да го постигне тоа во било кој друг момент.

 

 

Свеста претставува највисоко ниво или стадиум во личноста. Свеста го вклучува сето она за кое што во одреден момент сме свесни[3].

 

-        Струкутурен модел - подоцна топографскиот модел е ревидиран и станува структурен модел. Од овој модел произлегува и структурната теорија на личноста. Имено, Фројд смета дека во несвесното постојат три основни агенси и тоа : Ид, Его и Супер Его.

ИД –  во него се содржани сите билошки нагони. Ид е мотивиран од задоволство, негова цел е да го максимизира задолвството, а да ја намали болката.[4]  Ид е хаотичен, нелогичен. Тој се грижи само за себе, во суштина е егоистичен. Новороденчињата живеат во Ид, тие сакаат веднаш да биде задоволена нивната потреба, нестрпливи се за одложување. Таков е идот, колку повеќе одложува, толку повеќе халуцинира и замислува остварување на нагонот ( потребата ), преку конкретни објекти. Тоа е таканаречен примарен процес на размислување.[5]

ЕГО – е оној дел од несвесното, но и од свесното, кое го бара реалниот принцип на дејствување. Егото сака да го задоволи идот, но ја согледува реалноста, се сеќава на минатото и своето однесување во слични ситуации, па врз основа на тоа искуство ј планира иднината. Егото употребува секундарен процес на размислување или она што ние денес го нарекуваме когниција. Егото внимава да не дојде до болка при задоволување на барањата на ид и бара соодветен одговор во реалноста. Иако, можеби изгледа дека егото се бори со идот, сепак тоа својата сила ја влече од идот. Егото и идот се како јавачот и коњот. Јавачот не е ништо без силата на коњот, но користејќи ја баш таа негова сила, тој oдлучува каде ќе се движи.[6]

СУПЕР ЕГО – Супер егото, како и Егото, се наоѓа во најголем дел во несвеното, но и во свесното. И, тоа знае дека не може секое барање да се задоволи на ид, но тоа не се плаши од болка, туку се плаши од другите. Во него се наоѓа се она што детето го научило од своите родители, а низ годините и од околината. Тоа се интроекти, правила, рамки, сугестии кои се интернализирани. Во Супер Егото, се наоѓа Совеста, која го казнува Егото, ако направило нешто што таа не го одобрува, но и Идеал – Егото, кое создава пријатни чувства, кога Егото се идентификува со него. Тоа Идел – Его може да биде конкретен објект или личност, но може да биде и апстрактен поим, како што е правда, слобода, алтруизам и сл.

Драгица Стаменковиќ, психолог



[1] S.V.Delgado, J.R.Strawn,E.V.Pedapati, Contemporary Psychodynamic Psychotherapy for Children and Adolescents, Berlin, 2015, p.17.

[2] В.Гаврилова, Основи на психоанлизата, Св.Николе, 2011, стр. 19.

[3] Ibid, 24.

[4] W.Crain, Theories of Development Concepts and Applications, Edinburgh, 2014, p.277.

[5] Ibid.

[6] Ibid,278.

*Илустрација превземена од https://exploringyourmind.com/sigmund-freud-theory-of-the-unconscious/

Comments

Popular posts from this blog

Како изгледа твојата грижа?

  Како изгледа твојата грижа? ♦️Како изгледа твојата анксиозност? ♦️Можеш ли да ја нацрташ? ♦️Тоа може да биде појава, животно, чудовиште, личност, облик, боја, линија - употреби фантазија. ♦️Дај и/му име ♦️Откако ќе ја нацрташ 💭замисли си дека разговараш со грижата ♦️Можеш да и поставиш прашања, како на пример: 👉🏼имаш ли причина да бидеш тука? 👉🏼која е твојата функција/улога во мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, како би изгледал мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, за што би размислувал/а? 👉🏼што е најлошото што може да се случи? 👉🏼а, што е најдоброто што може да се случи? 👉🏼што треба да направам за да си заминеш? Фантазирајте, отпуштете се, дозволете си да проговори несвесното. 🌷Ако оваа вежба е премногу стресна за вас, поразговарајте со блиска личност или психолог.

Анксиозност

                                   Познато е чувството на немир, страв, загриженост, паника, напнатост или нервоза.   Сите тие чувства се обединуваат под називот анксиозност. Овие чувства се секојдневни и составен дел од животот.   Во стресни ситуации или важни ситуации од кои   очекуваме некој исход, нормално е да се чувствуваме анксиозни или загрижени. Меѓутоа понекогаш се случува да се преокупираме со некоја ситуација, постојано да мислиме на некој проблем или да сме во некое очекување и загриженост, со што се пореметува нашето вообичаено однесување. Во некои такви околности ќе почнеме да јадеме повеќе или да заборавиме да јадеме, да пушиме повеќе, да чувствуваме напнатост во мускулите, срцето забрзано да ни чука, да ни се потат рацете, а константното чувство на немир да не не напушта. Доколку овие чувства продолжат и по завршување на ситуацијата или не обземаат...

ДОВОЛНО ДОБРА

  Кога си ја дадов дозволата да бидам Доволно добра, знаев дека тоа има врска со шемата Високи стандарди. Доволно долго сум во психотерапија, лично и професионално, за да знам дека зад оваа шема се кријат и шемите Дефектност и Емоционална Депривација. Тоа е убавината на терапијата, стануваш спремен да (на)учиш како да прифатиш и живееш со сите несовршености во секојдневниот живот и релациите. Во релации човек може да се излечи и разболи. А, кога е присутна шемата Превисоки стандарди, страдаат релациите. Има многу брзање, притисок, малку време и она “може подобро”. Подобра работа, подобар брак, врска, подобар ден, подобар партнер, подобар живот, подобар Јас. Тешко е да се задоволат превисоките стандарди, тешко е да се биде доволно добар партнер, син, ќерка, колега, пријател. Но, најтешко им е на нив самите. Секојдневно во борба со самите себе и сопствените очекувања. Како на автоматска трака за трчање, без опција за исклучување. А, кога би била можна таа опција, тогаш би имало повеќ...