Skip to main content

Адолесценција како клучна фаза во формирање на идентитетот

 

           

Поимот идентитет е преземен од латинскиот јазик, а во буквална смисла на зборот значи карактеристичност. Во психолошка смисла, кога ке кажеме идентитет, мислиме на одржување и доживување на комплетноста и единственоста на личноста, без разлика на промените во неа и околу неа. Идентитетот почнува да се формира уште од раѓањето, со воспоставување на афективната врска помеѓу мајката и детето. Детето го развива чувството за сопственото ЈАС од моментот кога ке почне да разбира дека тоа и мајката се две посебни личности, а не една единствена. Развојот на идентитетот понатаму е динамичен и комплексен процес и може да се менува и надоградува во тек на целиот живот, но врвот го достигнува во периодот на адолесценција, бидејки тогаш рзвојот е најбурен (земајки ја во предвид и фазата на постадолесценција која се завршува околу 26 година од животот).

 

Во тек на адолесценцијата доаѓа до големи физиолошки, когнитивни, социјални и емоционални промени. Врз основа на промените во периодот на премин од детство во возрасен период, адолесцентот почнува да го менува начинот на кој се доживува себеси и светот околу себе, што претставува темел за формирање на неговиот идентитет. Под влијание на прифаќањето на апстрактно и флексибилно мислење, како и поими за за блиска и далечна иднина, асолесцентот почнува да се преиспитува себеси и своето опкружување, своите потреби, спосбности, вредности, цели, општествено-политички уверувања, при тоа не земајки се што ќе чуе од возрасните како

 ,, здраво за готово”. Правењето разлика помеѓу личните интереси и ставови и оние кои ги имаат авторитетни возрасни лица е многу битен чекор на патот кон градење сопствен идентитет. Се јавуваат прашања од тип ,, Кој сум јас?, Што сакам да направам, Која е мојата улога во семејството/ друштвото на врсници/општествена заедница? ”, а барањето на одговорите води кон усвојување на елементите на личниот идентитет- полова припадност, професионалност, општествено место,сексуално определување, национална припадност, навивачка определеност, музички правци и слично.

 

Колку подобро е развиен идентитетот, личноста е посигурна во себе, полесно се соочува со животните транзиции, стрес и има подобро развиена социјалан и емоционална интелигенција.

Ако е идентитетот послабо развиен, личноста е помалку свесна за себе и повеќе влијание има врз неа начинот на кој околината ја доживува и поради тоа се случува и самата за себе да интернализира таква слика, што може да биде основа за внатрешни конфликти. Ваква личност нема јасно формирани ставови, туку ги менува од ситуација до ситуација. Тоа се личности за кои најчесто тврдиме дека немаат свое ЈАС или се подводливи.

Според теоријата на психологот Ерик Ериксон, развој на личноста е целоживотен процес и поминува низ 8 фази, а во секоја од нив се јавува специфична развојна криза која мора да се разреши како би се одело во правец на позитивен развој. Доколку кризата не се разреши, негативно ќе се одрази на секоја наредна фаза. Поради значењето за формирање на здрав идентитет, адолесценцијата е една од најважни фази.

 

Наспроти формирање на идентитет стои конфузија на идентитет.

Додека го бараат својот идентитет, адолесцентите се често недоследни, превртливи, прибегаваат на експериментирање со различни улоги и се додека тоа не ги загрозува нив самите и оклината, ова треба да се прифати како очекуван развоен процес. Некои од обрасците за однесување кои можат да бидат во функција на формирање на идентитет се:

-        истакнување на статусни симболи, на пример начин на облекување со кој се покажува припадност кон определена група на врсници.

-        бунтовно однесување кон родителите и други авторитети, што за цел има адолесцентот да покаже дека е се посамостоен во донесување на одлуки

-        ,, забрането однесување ” како што е пушење, пиење алкохол, експериментирање со дроги, сексуални активности, што всушност представува играње на улога на возрасни.

-        нетолерантност кон одредени врсници и/или  општествени групи, што е начин на кој покажуваат дека нешто сметаат за непожелно, односно неприфатливо.

-        Конфузија на идентитет подразбира неможност за надминување на препреки при преминот од детството кон возрасна личност, што се манифестира со внатрешни борби кај личноста. Значајно е да се укаже и на можноста за формирање на негативен идентитет. До ова може да дојде во случаи кога родителите се ладни, премногу бараат и тогаш кога детето не исполнува некои нивни очекувања, му праќаат порака дека е неспособно, глупо, губитник. Адолесцентот од бунт и отпор кон нивните барања го усвојува токму тој непожелен идентитет. 

 

Во адолесценцијата се става акцент на барање на идентитетот, но не можеме да негираме дека е битно и усогласување на личната автентилност со општествените норми и очекувања. Затоа, битни фактори во формирање на идентитет се секако и очекувањата кои се поставуваат и вреднуваат во оквир на семејството, училиштето,  врсничка група, религија,како и поширок општествен и културолошки конекст во кој се одвива развојот. Семејството секако е темел. Неопходно е детето првин во своето базично опкружување да има сигурност, да се чувствува сакано, прифатено и поврзано со членовите на семејството. Како расте,се повеќе ќе се свртива кон врсничката група и во рамки на неа ќе тежнее кон исполнување на наведените потреби. Доколку во оквир на овие два сегменти не постои стабилност, поголема е веројатноста адослецентот неуспешно да ја помине конфузијата на идентитетот.

 

Драгица Стаменковиќ

лиценциран психолог, семеен и системски советник, NLP Practitioner

 

Литература:

Erikson, E. (н.д.). Identitet i životni ciklus. Beograd: Zavod za udžbenike

*Фотографија превземена од: https://www.tes.com/lessons/Rk9tf-WiLn-3SA/what-challenges-do-adolescents-face-trying-to-                      find-their-identity

Comments

Popular posts from this blog

Како изгледа твојата грижа?

  Како изгледа твојата грижа? ♦️Како изгледа твојата анксиозност? ♦️Можеш ли да ја нацрташ? ♦️Тоа може да биде појава, животно, чудовиште, личност, облик, боја, линија - употреби фантазија. ♦️Дај и/му име ♦️Откако ќе ја нацрташ 💭замисли си дека разговараш со грижата ♦️Можеш да и поставиш прашања, како на пример: 👉🏼имаш ли причина да бидеш тука? 👉🏼која е твојата функција/улога во мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, како би изгледал мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, за што би размислувал/а? 👉🏼што е најлошото што може да се случи? 👉🏼а, што е најдоброто што може да се случи? 👉🏼што треба да направам за да си заминеш? Фантазирајте, отпуштете се, дозволете си да проговори несвесното. 🌷Ако оваа вежба е премногу стресна за вас, поразговарајте со блиска личност или психолог.

Што ако не Ви се допаѓаат пријателите на Вашето дете?

  Во тек на предшколскиот период и во помалите одделенија од основното училиште, пријателствата на Вашето дете најчесто се моделирани од Ваша страна. Тоа е така бидејки бидејки Вашето дете се дружи со децата на Вашите пријатели или со деца од Вашето маало, градинка и одделенија со чии родители Вие сте повржани на некој начин. Селекцијата, значи ја вршите Вие врз основа на тоа дали Вам ви одговараат родителите на врсниците на Вашето дете. Тогаш буквално скоро се се одвива под Ваш надзор, средбите и дружењата со другарите зависат од тоа дали Вие имате слободно време да го однесете детето на играње, дали Вие сте дома за да можат да му дојдат другарчиња и слично. На детето сеуште му е многу важно Вашето мислење па Ви раскажува за секој со кого остварува интеракција и до најситен детал го прераскажува секое дружење и она што му се случува во текот на играта.   Меѓутоа, по неколку години сето тоа се менува. Ви се допаѓало тоа Вам или не мислењето на врсниците и самата припадност...

Деца и Развод

  Иако секој трет брак во Европа се разведува, се уште разводот како стресен настан се наоѓа на второ место, веднаш после смрт на близок член. Со разводот не се губи само партнер, се губат секојдневни навики, ритуали, заеднички ручеци, планови за патувања, заеднички пријатели и роднини. Во многу случаи разводот претставува губиток на идентитет и процес во кој емотивната состојба кај сите засегнати од процесот поминува низ различни фази и се движи од лутина и бес, до тага и рамнодушност. Како партнерите ќе се справат со разводот зависи од многу фактори: причини за развод, карактерни особини на партнерите, начин на кој е договорен разводот, дали е планиран или се случил ненадејно и многу други фактори специфични за секој брачен пар. Но, како се справуваат децата? Повторно, справувањето зависи пред се од возраста на детето, неговите внатрешни сили, емотивната поддршка од околината, но најважно односот на родителите. Децата ќе бидат полни со прашања и ќе бараат одговори и имаат п...