Skip to main content

Дали нашите деца поминуваат премногу време пред екраните?

 

              

 

На огромно мнозинство деца во денешно време омилена играчка им е паметниот мобилен телефон, таблет или компјутер. Врз база на голем број испитувања докажано е дека прекумерна употреба на екранот, посебно кога е тоа случај пред петтата година од животот, кај одреден број деца предизвикува зависност, недостаток на енергија и креативност, дефицит на социјални вештини, проблеми со физичко здравје(како што се на пример искривување на кичмениот столб, проблеми со вид, гојазност). Меѓутоа, мора да прифатиме дека  сите во секојдневниот живот и комуникација сме усмерени на технологијата и дека дигиталната писменост ни е неопходна за да можеме нормално да функционираме. Школските програми исто така се конципирани да низ разни проекти ги мотивираат децата да го пребаруваат интернетот и на тој начин да доаѓаат до потребните информации. Познавање на технологијата е  битно и за академско достигнување.

 

Како да се најде средина? Колку време поминато пред екранот нема негативно да се одрази на растот и развојот на детето?

 

Можеме слободно да истакнеме дека тоа првенствено зависи од самата содржина на она што детето го гледа. Кога на пример се работи за едукативна содржина-детето подготвува презентација на својот труд за некој предмет и решило за тоа да одвои два дена по 2-3 часа, тогаш е во ред да не се ограничува неговото време пред екранот. Се разбира, добро е да прави паузи како би се одмориле очите и за да се протегне мускулатурата, на секои 45 минути. Би било добро детето во тој контекст да го насочувате и на пишана литература и книги кои може да ги пронајде во библиотека. Доколку, детето од друга страна е способно секој ден да помине часови и часови пред екранот гледајки јутјубери или играјки видео игри, притоа комплетно запоставувајки ги своите обврски, неопходно е да се воведат правила и ограничувања. Битно е да се направи баланс и да се постигне умереност и секогаш да се процени колкава е користа, а колкава би можела да биде штетата од тоа што детето го гледа. Секогаш поставете си го прашањето за ова пред да му го дадете мобилниот телефон во раце на детето со цел да му го окупирате вниманието како Вие би имале време за себе. Наместо тоа,  помогнете му да се научи да се игра со вистински играчки.

 

Некои општи препораки би биле:

 

-        за деца до 8 години – да се дозволи минимално време за седење пред телевизор и пред било каков екран генерално,

-        за деца од предшколска возраст – максимум 1 час време дневно и тоа најдобро за гледање на цртани филмови наменети за деца на таа возраст или слушање на детски песмички,

-        за деца од 6-8 години – 1 час време дневно, исто така гледање на цртани филмови и слушање на детски песни, а во ред би било да се воведат и некои игри, најдобро таканаречени мозгалки,

-        за деца постари од 8 години – до 2 часа дневно, со строга контрола на содржината на она што се гледа,

Во тинејџерскиот период, доколку забележите дека Вашето дете покажува интерес за програмирање, дизајн или нешто слично, не паничите доколку го пречекорува дозволеното време пред екран - постои голема веројатност по неколку години тоа да биде неговото животно занимање. Важно е само поради тоа да не трпат другите негови обврски и социјалниот живот. Со тек на созревањето, детето и само развива самодисциплина, ги дефинира своите интереси, па доклку не е неодговорно, треба да му се даде слобода самото да го организира своето слободно време.

Со цел од една страна да се намалат потенцијалните ризици, а од друга страна максимално да се извлече бенефитот кој го пружа современата технологија, потрудете се следниве предлози да ги спроведете во дело.

 

1)     забранета зона. Воведете правило и јасно дефинирајте во кои ситуации е потполно забрането да се има екран пред себе - на пример за време на оброк, пред спиење, додоека се учи нешто за што не е потребен интернет, кога доаѓаат гости или се оди на гости, додека се возите во автомобил. Исто така, можете да воведете правило мобилниот телефон, таблетот и компјутерот да се користат исклучиво во дневниот простор.

 

2)     поставување на ограничувања. Воведете правило, мобилниот телефон, таблетот или компјутерот, кога се користат во слободно време ( не за школски потреби) да се користат максимално 1-2 часа дневно. Исто така препорака е ова да се смета како привилегија, односно времето да се продолжи до 2 часа дневно како награда за добро однесување, некој успех и слично или да се скрати, па дури на определено време и потполно да се укине, како казна за неприфатливо однесување.

 

3)     Поставување на приоритети. Времето поминато пред екранот не треба да биде приоритет во однос на учењето и дружењето со врсниците, физичка активност, куќни обврски. Кога ке се исполнат овие ставки дури тогаш следи времето пред екранот како награда.

 

4)     Заеднички активности. Обидете се заедно со Вашето дете да играте некои од видео игрите кои тоа ги сака и исто така заедно гледајте видео содржини. Сето ова може мошне поволно да влијае на меѓусебниот однос, блискост и комуникација.

 

5)     Социјални мрежи. Секогаш имајте увид врз она што Вашето дете гледа на социјалните мрежи и реагирајте доколку приметите дека дели премногу информации (адреса, број на телефон) и/или поставува дискутабилна содржина и фотографии. При тоа секогаш објаснете зошто тоа поставување не е прифатливо. Препорака е децата да не отвараат налози на социјалните мрежи  (како што се facebook, instagram, TikTok) пред наполнети 15 години од животот.

 

6)     Контрола на содржината. Контролирајте што следи детето на Интернетот. Во согласност со тоа можете да поставите и правила- да кажеме забранети се содржини кои промовираат насилство, содржини во кои премногу се употребуваат вулграни  зборови и слично. Наместо тоа предложете му на детето содржини во кои има едукативна програма. Со ова не мислиме детето да го држите во ,, стаклена градина“. Напротив, потребно е детето да стекнува социјален имунитет и донекаде да биде во тек со она што најголемиот дел од неговите врсници пратат на интернет, но доколку се заинтерсира да прати некој јутјубер кој пласира несоодветна содржина, поттикнете кај детето критичко размислување – што е тоа што му се допаѓа и поради што, што не му се допаѓа и поради што, дали некоја друга содржина би била посоодветна и какво е Вашето мислење за таа содржина и зошто Ви е токму такво мислењето.

 

7)     Сопствен пример. За да детето научи како подобро и поквалитетно да управува со своето слободно време, би било добро тоа да го научи токму од Вас. Доколку Вие самите доста од Вашето слободно време во тек на денот поминувате гледајки во екран, на социјални мрежи, ги занемарувате Вашите обврски и заедничкото време со семејството, не очекувајте Вашето дете да го прави спротивното-сепак вие сте негов најголем пример.

 

Извори:

https://www.cbsnews.com/news/parents-need-to-drastically-cut-kids-screen-time-devices-american-heart-association/

https://www.techadvisor.co.uk/feature/digital-home/how-much-screen-time-for-kids-3520917/

*Фотографија превземена од: https://wwpccc.com.au/toddlers-and-technology-are-our-                        children-spending-too-much-time-in-front-of-screens

 

Comments

Popular posts from this blog

Како изгледа твојата грижа?

  Како изгледа твојата грижа? ♦️Како изгледа твојата анксиозност? ♦️Можеш ли да ја нацрташ? ♦️Тоа може да биде појава, животно, чудовиште, личност, облик, боја, линија - употреби фантазија. ♦️Дај и/му име ♦️Откако ќе ја нацрташ 💭замисли си дека разговараш со грижата ♦️Можеш да и поставиш прашања, како на пример: 👉🏼имаш ли причина да бидеш тука? 👉🏼која е твојата функција/улога во мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, како би изгледал мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, за што би размислувал/а? 👉🏼што е најлошото што може да се случи? 👉🏼а, што е најдоброто што може да се случи? 👉🏼што треба да направам за да си заминеш? Фантазирајте, отпуштете се, дозволете си да проговори несвесното. 🌷Ако оваа вежба е премногу стресна за вас, поразговарајте со блиска личност или психолог.

Што ако не Ви се допаѓаат пријателите на Вашето дете?

  Во тек на предшколскиот период и во помалите одделенија од основното училиште, пријателствата на Вашето дете најчесто се моделирани од Ваша страна. Тоа е така бидејки бидејки Вашето дете се дружи со децата на Вашите пријатели или со деца од Вашето маало, градинка и одделенија со чии родители Вие сте повржани на некој начин. Селекцијата, значи ја вршите Вие врз основа на тоа дали Вам ви одговараат родителите на врсниците на Вашето дете. Тогаш буквално скоро се се одвива под Ваш надзор, средбите и дружењата со другарите зависат од тоа дали Вие имате слободно време да го однесете детето на играње, дали Вие сте дома за да можат да му дојдат другарчиња и слично. На детето сеуште му е многу важно Вашето мислење па Ви раскажува за секој со кого остварува интеракција и до најситен детал го прераскажува секое дружење и она што му се случува во текот на играта.   Меѓутоа, по неколку години сето тоа се менува. Ви се допаѓало тоа Вам или не мислењето на врсниците и самата припадност...

Деца и Развод

  Иако секој трет брак во Европа се разведува, се уште разводот како стресен настан се наоѓа на второ место, веднаш после смрт на близок член. Со разводот не се губи само партнер, се губат секојдневни навики, ритуали, заеднички ручеци, планови за патувања, заеднички пријатели и роднини. Во многу случаи разводот претставува губиток на идентитет и процес во кој емотивната состојба кај сите засегнати од процесот поминува низ различни фази и се движи од лутина и бес, до тага и рамнодушност. Како партнерите ќе се справат со разводот зависи од многу фактори: причини за развод, карактерни особини на партнерите, начин на кој е договорен разводот, дали е планиран или се случил ненадејно и многу други фактори специфични за секој брачен пар. Но, како се справуваат децата? Повторно, справувањето зависи пред се од возраста на детето, неговите внатрешни сили, емотивната поддршка од околината, но најважно односот на родителите. Децата ќе бидат полни со прашања и ќе бараат одговори и имаат п...