Skip to main content

Опсесивно-компулсивни пореметувања

 


                            

Опсесивно-компулсивните пореметувања на личноста се карактеризираат со ригидност, тврдоглавост и тенденција за осудување на другите. Ова воедно се и фактори  кои представуваат значаен отпор во промената на личноста. Сепак, личностите со вакво пореметување можат да добијат ефективен третман. Многу честа заблуда е дека компулсиите се неизоставен дел од опсесивно-компулсивната пореметеност на личноста. Тие попрво можат да се сретнат кај луѓето кои имаат зависно или избегнувачко пореметување на личноста. Поради ова би требало да се обрне внимание на тоа дека постои битна разлика помеѓу опсесивно-компулсивното пореметување и опсесивно-компулсивно пореметување на личноста.

 

 

Oпсесивно-компулсивното пореметување ( ОКП ) и Oпсесивно-компулсивно пореметување на личноста ( ОКПЛ ).

 

Личностите кои патат од ОКП се свесни дека имаат проблем, а од друга страна поединците кои имаат ОКПЛ сметаат дека нивното ригидно гледање на светот е исправно и дека другите луѓе се тие кои би требало да се менуваат. Луѓето кои патат од ОКП често се нефункционални  на работата,  додека симптомите на луѓето со ОКПЛ ги карактеризираат како работохоличари, кои имаат проблем со перфекционизмот, често пратено со прокрастинација во работата, но и со чести проблеми со колегите, авторитетите и генерално со другите луѓе кои не се сложуваат со нивната деталност и ситничавост и животната филозофија. Исто така луѓето кои патат од ОКПЛ сметаат дека не им е потребна психотерапија. За помош се обраќаат дури кога на пример партнерот ке им запрети со развод или прекинување на врската или кога членовите на примарното семејство ќе ги ,,натераат,, на лекување бидејки не можат повеќе да се носат со нивниот наредбодавен став и тиранизирање со правилата. Репететивното однесување кое го среќаваме кај ОКП е резултат на силна анксиозност која се јавува кај овие луѓе и често за цел имааат спречување на некоја умислена катастрофа. Доклку личноста со ОКПЛ има тенденција за повторување на однесувањето, таа ке ја  користи за да ја подобри својата ефикасност во работата или за други задачи за кои таа смета дека треба/мора да ги заврши на најдобар можен начин. Личностите со ОКПЛ имаат поизразена тенденција кон перфекционизмот и посилна желба за контрола во однос на личостите кои патат од ОКП. И еднато и другото пореметување почесто се среќаваат кај машкиот пол, во однос на женскиот пол, но со тоа дека ОКПЛ помалку затапено пореметување. Го среќаваме отприлика во 1 процент од општата популација.

 

 

Опис на опсесивно-компулсивно пореметување на личноста                (ОКПЛ).

 

Она што кај овие луѓе го активира негативното чувство или на крај ги доведува на терапија се разни авторитети и односот кон нив. Односот е таков да тие не поднесуваат авторитети, додека во истовреме им се плашат. Потоа, посебно се осетливи на неструктуирани и непредвидливи ситуации и на крај , проблемите во интимните врски, посебно кога се работи за тоа, партнерот да го доживуваат како некој кој многу бара, им представува база за јавување на неповолни состојби кај овие луѓе.

Нивна карактеристика во однесувањето често се огледува во посесивноста, честа појава кај нив е прокрастинација-одлагање на обврските и перфекционизам, кој најчесто и доведува до одлагање на обврските. Потоа, видливо се тврдоглави, но често колебливи и зависни од туѓо мислење. Од друга страна, гледаат да ги изегнуваат чувствата и зборување на таа тема. Вогламном се намрштени и тешко е да ги орасположите.  Во интерперсонални релации покажуваат тенденција да се постават како автократски лидери кон врсниците или оние кои ги посматраат од височина, но им се потчинуваат на авторитетите, додуша со чувство дека мор атоа да го направат.

Нивниот мислечки стил е стеснет, водени се и ориентирани кон правилата. Често се неимагинарни и не се склони на мечтаење. Нивниот темперамент можеме да го опишеме како напнат, тежок и анксиозен, како дополна, образецот на на афектифно поврзување им е преокупиран. Пораките кои ги добивале од родителите, можат да се сумираат во следната реченица: ,, ти мораш повеќе да се трудиш и да бидеш подобар/а како би бил вреден/а за љубов и за да вредиш како човек “ . Вакви пораки, по правило се слушаат како ,, не вредиш“ “,,,мораш да се промениш бидјки таков/а не те прифаќаме“ и ,,не покажувај што чувствуваш, туку се труди да се подобриш“.

Луѓето со ова пореметување себе најчесто се гледаат како одговорни за било каква можност нешто да тргне наопаку, па поради тоа се стално на внимателни, вечно анксиозни. Од друга страна на себе гледаат како на одговрни, компетентни и праведни личности. Тие многу често и се однесуваат праведно и одговорно, но тоа е пратено со чувството н апреголема тешкотија бидејки е предизвикано од престрога совест, која ги тера на секоја стница, константно да обрнуваат внимание. Нивната идеја за правичност е мошне крута, црно-бела. Нешто е или исправно или погрешно, а тие сметаат дека, како рационални битиа, најдобро знаат кога е нешто исправно а кога е погрешно. На соговорниците им се логично тешки, додека н анив им е тешко кога соговрниците не се сложуваат со нив.  Во такви ситуации можат да се повлечат од убедувањето, но не и од идејата или од друга страна, можат своите идеи наметливо да ги пласираат. На светот гледаат како на непредвидливо место кое мора да се контролира за нешто да не тргне во погрешен правец. Бидејки себеси најчесто се гледаат како одговорни за секоја можност нешто лошо да се случи, јасно е дека контролата над условите на животот и другите луѓе им е многу изразена. на сите тие ситуации како и на други луѓе гледаат, гледаат како на непријатни околности, преполни со очекувања насочени токму кон нив. Поради тоа, имаат општ став кој би можел да се опише на следниот начин ,, биди во приправност, контролирај, однесувај се исправно, прилагодувај се и не прави грешки“.

Под ваква филозофија лежат ирационални барања за промена на светот, желба за одмазда, кон сите реални и замислени авторитети, кои во реалноста или во нивното доживување на нештата ги загрозиле. Мимо тоа,  емоционално се инхибирани и затворени.

Кога луѓето со вакви проблеми ке дојдат на терапија, во сеансите веќе во самиот почеток се препознава нивниот перфекционистички став и силна амбивалентна состојба. Од таа причина е мошне тешко да се воспостави работен сојуз и да се отпочне разговор со нив. преокупираноста со деталите и желбата за контрола, често им оневозможува да се фокуситаат во разговорот на фактите и на нив важни, конфликти. Познатитот психотерпавт Спери, наведува дека кога психотерапевтот ке им поставува прашања од отворен тип, ке бидат фрустрирани, а клиентот ке биде збунет. Од таа причина препорачува третманот да започне со јасни и структуирани прашања. Бидејки деталите им се многу битни, многу е важно терапевтот да покаже разбирање и да обрне бнимание на нив. во спротивно, клиентот може да мисли дека терапевтот не го разбира и не го почитува доволно. Ваквите личности имаат потешкотии во покажување на чувствата. Од механизмите на одбраната често ги користат интелкуализацијата  изолација на афектот. Отворено покажување на чувствата го доживуваат како потенцијално опасно и нешто што може да ги вовлече во проблем, поради тоа се сомничави по прашањето на отварање во емоционален смисол. Чест к еинсистираат на тоа дека се објективни и рационални битиа и дека не доживуваат никакви посебни емоции. задача на терапевтот е да ги фокусира и доведе во директен контакт со бесот и останатите чувства. Клиентот по правило ке негира такви чувства, посебно чувството на бес и ке тежнеат да го обезвредат или едноставно, ке ги занемарат обидите на терапевтот да  ги наведе да ги покажжат чувствата.

*Илустрација превземена од: https://theswaddle.com/what-its-like-to-have-ocd/


 


Comments

Popular posts from this blog

Како изгледа твојата грижа?

  Како изгледа твојата грижа? ♦️Како изгледа твојата анксиозност? ♦️Можеш ли да ја нацрташ? ♦️Тоа може да биде појава, животно, чудовиште, личност, облик, боја, линија - употреби фантазија. ♦️Дај и/му име ♦️Откако ќе ја нацрташ 💭замисли си дека разговараш со грижата ♦️Можеш да и поставиш прашања, како на пример: 👉🏼имаш ли причина да бидеш тука? 👉🏼која е твојата функција/улога во мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, како би изгледал мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, за што би размислувал/а? 👉🏼што е најлошото што може да се случи? 👉🏼а, што е најдоброто што може да се случи? 👉🏼што треба да направам за да си заминеш? Фантазирајте, отпуштете се, дозволете си да проговори несвесното. 🌷Ако оваа вежба е премногу стресна за вас, поразговарајте со блиска личност или психолог.

ПСИХОЛОШКА БЕЗБЕДНОСТ – топ фактор за успешен тим

    Пред десетина години Google започна истражување со цел да дојде до одговор на прашањето „ Што е тоа што го прави тимот успешен ?“. Проектот доби име Аристотел, а резултатите направија пресврт во совеременото сфаќање на организациската култура. Истражувањето кое траеше повеќе од 2 години, анализираше повеќе од 250 различни атрибути и спроведе повеќе од 200 интервјуа in vivo. Самото истражување се одвиваше во реални услови, преку набљудување на вработените и тимовите на лице место. Анализирани се стилови на управување, KPI по вработени, цели, буџети, бонуси, фокус, меѓусебна комуникација, организација, флексибилност и многу други хипотетички фактори кои влијаат на ефикасноста на тимот. Она што добија како резултат се 5 фактори кои се заеднички за сите успешни тимови. На прво место е ПСИХОЛОШКАТА БЕЗБЕДНОСТ која ја чувстввуваат членовите на тимот. Размислувајќи за овој фактор, се прашувам на кој начин овој резултат направи пресвртница во организациската култура, ако тр...

Емотивна освестеност

Препушти им се на своите емоции. Кога се обидуваш да се ослободиш од нив тогаш те преплавуваат.  Како да се препуштам? ⭐️Добра техника е мајндфулнес или свесност за емоциите. Како изгледа во пракса? 📍Освести се дека избегнуваш да чувствуваш и да се препуштиш на емоциите 📍Освести што размислуваш и како реагира телото кога некоја емоција се јавува и што правиш тогаш, како се однесуваш? 📍На пример: Тага. Во телото: притисок во очите, срцето ми чука забавено, нешто ме стега во стомакот. Помислувам: Никој не ме сака, никому не сум важен, сам/а сум, никогаш нема да биде подобро. Што правам: се изолирам, плачам, барам поддршка, ми треба прегратка. 📍Како што се развива емоцијата, следи што е тоа што ја засилува или ослабнува. Која мисла, кое однесување го менува нејзиниот интензитет? 📍Емоцијата ослабнува. Која мисла, кое однесување доведе до тоа? Како е сега во телото? 📍Води дневник за овие забележувања и набргу ќе знаеш што предизвикува некоја емоција, како твоето тело реагира на та...