Една
од најпознатите бајки е секако Снежана. Денеска сите ја знаеме како Снежана и
седум џуџиња, а претставува цензурирана верзија, кој ги нагласува џуџињата,
заглавени на предедипало ниво. [1] Ќе
се обидеме да дадеме толкување на верзијата на Грим,која започнува со убодот од
игла и трите капки крв на снегот. Кралицата посакува дете, после една година
добива ќерка, а набрзо и умира. Кралот се преженува. И, баш тука на почетокот
ги гледаме проблемите кои приказната се обидува да ги реши: сексуланата невиност,
белината како контраст на сексуалната желба, симболизирана преку крвта. Крвта
алудира на менструлниот циклус, но и на крвта која истекува при раѓање на
детето. Трите капки, се поврзуваат со бројот три, кое е совршен, но на несвесно
ниво поврзан со сексот.
Од друга
страна невољите за Снежана почнуваат кога таа ќе наполни седум години и почнува
да созрева. Опседнатоста на маќеата за убавината и магичното огледало не
потсетуваат на Нарцисот, кој толку многу се сакаше себе си, што на крајот го
проголта сопствената љубов. Нарцистичниот родител е оној кој се згрозува од
растењето на сопственото дете, бидејќи тоа значи дека тој мора да остари.[2]
Во
едипалната фаза детето е преплавено со чувство на љубомора. Тоа е најсреќно
кога чувствува дека двајцата родители подеднакво го сакаат, но љубомората го
обзема кога забележува дека едниот родител го сака и другиот. Таа љубомора не
смее да се занемари, но може да се објасни преку приказна.
Детето се
измачува и не може да најде утеха, кога чувствува љубомора, а односите во
семеството се нормални. Тие се љубоморни на самите возрасни родители кои се
можат и на кои се им е дозволено. Кога нежниот, истополен родител, кој на
детето му дава љубов и нега, не е доволно јак да изгради уште поважни позитивни
врски во природно, љубоморно, едиплано дете и на тој начин постави процес на идентификација, кој
ќе се бори против таа љубомора, тогаш тоа станува доминантен психички проблем
во животот на детето. Маќеата е неподобна фигура и за зближување и за
идентификација, а Снежана која е се уште дете, нормално е да биде љубоморна на
сите нејзини предости и моќи.[3]
Ако детето не може да си дозволи да ја ужива својата љубомора, прави проекција
и кажува „мајка ми е љубоморна на мене.“ Повозрасните деца сметаат дека и не
треба да се натпреваруваат со своите родители, тие се сигурни дека се подобри
од нив. Проблем се јавува кога родителите не им признаваат на своите деца дека
тие се подобри од нив или уште полошо кога се натпреваруваат. Ќе сретнеме татко
кој живее младешки живот како својот син или мајка која се облекува и однесува
како тинејџерка. Децата немаат избор, мораат да се натпреваруваат со своите
родители или посакуваат да се отарасат од нив. Таа потреба создава чувство на
вина и потребно е да се ослободат од неа. Најдобро е преку проекција и се
стигнува до мислата: „родителите сакаат да се отарасат од мене.“
Ловецот,
како и во Црвенкапа е несвената потреба од таткото. Иако има наредба да ја убие
Снежана, тој се спротивставува. Баш како и во желбата на секоја ќерка. Колку
таткото да е под влијание на мајката, тој секогаш ќе ја избере страната на
ќерката.
Но, овој
татко е преслаб, тој не може да се грижи за ќерката и заради тоа таа ќе мора да
се грижи самата за себе. Само љубовта и негата, заедно со одговорно однесување
на родителите, му дозволува на детето да ги интегрира своите едипални
конфликти. Ако и тоа му е ускратено, детето не е во сотојба да се поистовети со
родителите. Ако девојчето не може да воспостави позитивна идентификација со
својата мајка, не само што останува закочена во својата едипална фаза, туку
влегува и во регресија, што се случува секогаш кога детето не успева да досегне
повисока фаза на развој, за која би требало да е спремно.[4]
Од друга
страна ова не е прва приказна која раскажува за љубоморта на мајката спрема
ќерката или обратно. Огледалцето, како да зборува низ устата на детето. Додека
е мало, детето мисли дека мајката е вистина најубава на светот, како расте се
повеќе се убедува во спротивното. Во пубертетот детето станува амбивалентно во
својата желба да биде подобро од својот истополен родител, но во исто време се
плаши, дека доколку тоа се случи, родителот ќе сака да се одмазди. Тоа е
исплашено поради својата внатрешна надмоќ, а не од родителот кого што сака да
го уништи. Родителот, во нормални околности би требало да биде среќен доколку
ова се случи, бидејќи од суштинско значење е родителот да се идентификува со
своето истополно дете, за да и идентификацијата на детето биде успешна.
Но, овие
внатрешни превривања се тешки и напорни. На дете во пубертет најлесно му е да
размислува за напуштање од домот. Но, ние знаеме дека немирот нема да се смири
со напуштање, туку со работа на себе и внатрешните конфликти. Само на тој
начин, човекот стекнува независност. На почетокот, ова е тешка задача и баш
како и Снежана, детето ќе го напушти домот и можеби едно време ќе живее мирен
живот, како и таа со џуџињата. Таа расте, така што прифаќа некои услови.
Џуџињата бараат од нејзе да биде добра домаќинка, добра сестра, па и мајка на
некој начин. Сепак, Снежана уште на почетокот покажа зрелост и не беше орално
фиксирана како Ивица и Марица. Таа стаса во куќичката, но јадеше и пиеше по
малку, а кога требаше да избере кревет, таа легна на сите седум и го избра оној кој и беше
најудобен, односно оној кој носеше најмал ризик. Иако, креветот алудира на
нешто што не е невино, сепак таа не стигна сама до таму. Нејзе во шумата ја
доведе маќеата. Но, фактот дека е лесно да се падне во искушение, останува да
стои. Најлесно е адолесцентот да се доведе во искушение. Но, баш тој факт и
дава човечност на приказната, таа несовршеност, таа љубопитност. Контролата
која ја покажа во јадењето и спиењето, ни покажува дека таа го надминала егото
и веќе се однесува во складот со своето супер его.
Џуџињата
се сeдумте дена во неделата, денови исполнети со работа.[5]
Исто така сите се машки, но некако се чини како закржлавени во развојот.
Нецелосни мажи. Тоа не се мажи кои
секслуално би биле поврзани со Снежана, тие се рудари, се вовлекуваат во дупки
и укажуваат на латентниот период, оној пред пубертетот, кога се е мирно и
спокојно. Овој мирен период на Снежана и дава сила да влезе во немирниот,
бурен, адолецентен период. Таа повторно ќе дојде во конфликт со маќеата, но
веќе не е дете, туку девојка која ќе мора да преземе одговорност за своите
постапки. Таа веќе се соочува со првите секслуални желби и покрај многу
предупредувања од џуџињата, таа не успева да се избори со искушението.
Искушнието овде е повторно конфликтот со родителите, во овој случај мајката,
која за кратко повторно добива надмоќ над своето дете. Онесвестувањето може да
е резулатат на сексуланата желба и анксиозноста на Снежана. Таа е заведена од
сопсвената гордост и во тој момент таа и нејзината маќеа (мајка) имаат многу
заедничко. Но, бајката е мудра и кажува дека доколку Снежана не помина на овој
пат, таа немаше да успее да се сретне со својот принц.
Јаболката
е симбол на сексуалноста и љубовта, на сите нивни аспекти. И, Афродита доби
јаболка, па започна Тројанската војна. Во Библијата јаболката го доведе мажот
во искушение, да стекне знење и сексуланост. Јаболката е тука за да ја зајакне
двојната природа на Снежана. Таа е бела како снег, но румена како крв. Јадејќи
ја јаболката која е црвена (еротска), таа става крај на својата невиност. Со
гризот, детето во Снежана умира и е погребано во стаклен ковчег. Ковчегот го
посетуваат був кој е симбол на мудроста, гавран, симбол на тевтонските богови
или свесноста и голубица која претставува љубов. Тие потврдуваат дека нејзината
смрт е како сон, период на бременост, како нејзин конечен период и припрема за
зрелост.[6]
Бидејќи не е доволна само физичката зрелост за брак, туку и интелектуална и
емотивна зрелост за истиот.
За да
дојде до среќниот крај, лошата кралица мора да умре, разјадена од својата
сексуална љубомора, што упатува на заклучокот дека неконтролираната страст мора
да се контролира или некому ќе му пресуди.
Само со
решавање на тие внатрешни турбуленции, можен е среќен живот. Промената доаѓа
само кога човекот ќе се одрече од нешто, во случајот со Снежана тоа е
пријатниот живот до нејзината седма година и времето поминато со џуџињата.
Драгица Стаменковиќ, лиценциран
психолог, семеен советник, NLP
Practitioner
Литература:
Betelhajm, Bruno. Značenje bajki. Beograd, Podgorica: Nova knjiga,
2015.
https://fairytalez.com/little-snow-white/
Илустрација превземена од: https://mattandersondesign.com/wikia-fandom-dark-fairytales

Comments
Post a Comment