Skip to main content

По што се разликуваат успешните партнерски врски?

 



Сите партнери на почетокот на својата врска се опиени од сонот за заедничка, среќна и лесна иднина. Уживаат во заедничките моменти, се одушевуваат од партнерот и се убедени дека таа опиеност ќе трае засекогаш.

Сепак, искуството покажува дека не сите партнрски врски успеваат да ја одржат оваа идеја.

Причините поради кои партнерите од почетната убеденост за заедничка среќна иднина, се поместуваат во несреќен, па дури и загрозувачки меѓусебен одност се најразлични.

Во овој текст повеќе не интересираат причините поради кои двојките успеваат да ја остварат оваа идеја, не само да опстанат, туку вистински да живеат и изградат однос каков што сакале од самиот почеток.

Што прават овие парови?

·        Взаемно почитување и доверба се области во кои значајно инвестира. Тие се на врвот на листата на приоритети, а преку јасната и директна комуникација со партенерот и себе си, тие се однесуваат во склад со оваа идеја.

·        Свесни се дека повремено доаѓа до конфликт, но се трудат истиот да го завршат брзо и ефикасно. Проблемите не ги потиснуваат и ставаат под тепих, бидејќи се свесни дека се што е потиснато ненадејно може да исплива на површина и се што се „гурне под тепих“ носи ризик од сопнувања, пад и повторна повреда.

·        Уважување на меѓусебните разлики, разговараат за нив, наоѓаат решенија како да се уважат, за да никој не се чувствува „вкалупено“, како да е подгазена неговата личност, бидејќи партнерстово во спротивно не може да опстои.

·        Меѓусебно се доживуваат како еднакви. Во заедничкиот живот тоа понекогаш значи напушатње на ригидните, родови улоги во кои мажот и жената извршуваат точно одредени функции. Наместо тоа постои флексибилност во однос на тоа кој, што и кога ќе изврши некоја работа, свесни се дека животните позиции се менуваат, дека улогата на жената се менува и дека можеби во еден момент таа би можела да заработува финансиски повеќе, во друга ситуација обратно и сл.

·        Конфликтините ситуации ги решаваат со разговор, отворено изнесувајќи ги своите чувства, бараат и прифаќаат межусебни промени во однесувањето.

·        Ги исполнуваат своите задачи и договореното и не се повикуваат на толеранција, не негуваат потенцијални проблеми, туку отворено разговараат за тоа што е исполнето, а што не и како да се оствари договрената цел.

·        Свесни се дека партнерската врска ја чинат двајцата и со тој став се соочуваат со проблемите. Порадо се соочуваат со сопствената одговорност и одговорноста на партнерот, отколку да се позиционираат во улога на жртва или тужител.

·        Се чувствуваат слободни да ги изразат своите чувства кон партнерот, покажувајќи љубов и наклонетост отворено, преку зборови, допир, а воедно на ист начин бараат од партнерот она што ним им е потребно. Отворено потенцираат се што ценат кај своите партнери, но и знаат да дадат јасна и директна замерка.

·        Зборуваат за сексот, ги делат своите фантазии, ги уважуваат потребите на партнерот и без осуда остануваат еден покрај друг доколку сексот или сексуалноста стане проблем.

·        Разговараат за минатото, за поединечните лични и заеднички искуства.  Се трудат заеднички да извлечат поуки кои ќе им помогнат да го подобрат заедничкиот живот.

·        Не се плашат да ја разоткријат сопствената ранливост, во партнерот гледаат личност на која моѓат да и ги доверат и најболните содржини, без страв дека ќе бидат осудени или повредени.

·        Кога проценуваат дека некој брачен проблем не можат да го решат сами, заеднички се договараат и бараат стручна помош.

·        Свесни се дека нивниот однос може да доживее, но и да преживее повреда. Во порцесот на зацелување, црпат сили од заедничкото минато, истовремено позајмувајќи си сила еден на друг, поставувајќи си мали цели, за славење на секојдневни успеси.

·        Балансираат помеѓу работните обврски, заедничкиот и личен простор, се договараат за редоследот и секогаш го имаат во предвид времето за заеднички активности, како што се прошетки, спорт, културни активности и дружења.

·        Се грижат за себе, но се грижат и за другиот.

·        Паровите кои имаат деца јасно ги диференцираат брачниот и родителскиот систем, успешно наоѓаат време за своето партнерство, макар и еднаш неделно кога децата спијат или се отсутни. Во оваа време прават активности во кои учествуваат само тие двајцата и без разлика на тоа колку се уморни, имаат свои ритуали во кои уживаат заедно. На овој начин се заштитуваат од ризикот својот брак да го претворат во разговори само за деца и теми околу должностите и одговорностите околу нивното воспитување.

·        Креираат свои спомени, прават албуми со фографии, салфетки од ресторани, патни карти, карти од концерти. Во критични моменти ги прелистуваат овие спомени, се присетуваат  и секогаш оставаат празна страна за спомените кои допрва ќе се случат.

 

 

Comments

Popular posts from this blog

Како изгледа твојата грижа?

  Како изгледа твојата грижа? ♦️Како изгледа твојата анксиозност? ♦️Можеш ли да ја нацрташ? ♦️Тоа може да биде појава, животно, чудовиште, личност, облик, боја, линија - употреби фантазија. ♦️Дај и/му име ♦️Откако ќе ја нацрташ 💭замисли си дека разговараш со грижата ♦️Можеш да и поставиш прашања, како на пример: 👉🏼имаш ли причина да бидеш тука? 👉🏼која е твојата функција/улога во мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, како би изгледал мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, за што би размислувал/а? 👉🏼што е најлошото што може да се случи? 👉🏼а, што е најдоброто што може да се случи? 👉🏼што треба да направам за да си заминеш? Фантазирајте, отпуштете се, дозволете си да проговори несвесното. 🌷Ако оваа вежба е премногу стресна за вас, поразговарајте со блиска личност или психолог.

Што ако не Ви се допаѓаат пријателите на Вашето дете?

  Во тек на предшколскиот период и во помалите одделенија од основното училиште, пријателствата на Вашето дете најчесто се моделирани од Ваша страна. Тоа е така бидејки бидејки Вашето дете се дружи со децата на Вашите пријатели или со деца од Вашето маало, градинка и одделенија со чии родители Вие сте повржани на некој начин. Селекцијата, значи ја вршите Вие врз основа на тоа дали Вам ви одговараат родителите на врсниците на Вашето дете. Тогаш буквално скоро се се одвива под Ваш надзор, средбите и дружењата со другарите зависат од тоа дали Вие имате слободно време да го однесете детето на играње, дали Вие сте дома за да можат да му дојдат другарчиња и слично. На детето сеуште му е многу важно Вашето мислење па Ви раскажува за секој со кого остварува интеракција и до најситен детал го прераскажува секое дружење и она што му се случува во текот на играта.   Меѓутоа, по неколку години сето тоа се менува. Ви се допаѓало тоа Вам или не мислењето на врсниците и самата припадност...

Деца и Развод

  Иако секој трет брак во Европа се разведува, се уште разводот како стресен настан се наоѓа на второ место, веднаш после смрт на близок член. Со разводот не се губи само партнер, се губат секојдневни навики, ритуали, заеднички ручеци, планови за патувања, заеднички пријатели и роднини. Во многу случаи разводот претставува губиток на идентитет и процес во кој емотивната состојба кај сите засегнати од процесот поминува низ различни фази и се движи од лутина и бес, до тага и рамнодушност. Како партнерите ќе се справат со разводот зависи од многу фактори: причини за развод, карактерни особини на партнерите, начин на кој е договорен разводот, дали е планиран или се случил ненадејно и многу други фактори специфични за секој брачен пар. Но, како се справуваат децата? Повторно, справувањето зависи пред се од возраста на детето, неговите внатрешни сили, емотивната поддршка од околината, но најважно односот на родителите. Децата ќе бидат полни со прашања и ќе бараат одговори и имаат п...