Skip to main content

Булимија (Bulimia Nervoza)



Булимија (Bulimia Nervoza) е пореметување во исхраната и најчесто се јавува во периодот на адолесценција. Најчести симптоми се:

  • Неконтролирано конзумирање на висококалорична храна
  • Скришно јадење, најчесто преку ноќ
  • После јадење намерно предизвикување на повраќање
  • Различни обиди да се намали телесната тежина          
  • Чести осцилции во тежина, поголеми од 5 кг предизвикани од преголем или премал внес на               храна 

За да се постави дијагноза моа да се случиле најмалку две булимични епизоди неделно во период од 3 месеци.

Статистиката вели дека 10-15% од заболените се мажи или превалецијата се движи од околу 0.1-1.4% кај мажите и од 0.3-9,4% кај жените (Ouellette), 5% од жените во Америка страдаат од ова нарушување, стандардна стапка на морталитет е 1,93, половина од пациентите имаат промени во расположението, а повеќе од половина страдаат од анксиозност. Се јавува на возраст од 15-45 години (Bulimia Facts&Statistics).

 

Булимија е тесно поврзана со анорексијата, бидејќи и двете пореметувања во себе го содржат истиот страв, а тоа е стравот од здебелување и искривена слика за изгледот на сопственото тело.  Оние кои страдаат од анорексија одбиваат да внесуваат храна под разни изговори, додека пациентите со булимија внесуваат храна и истата преку дополнително конзумирање на лаксативи, диуретици и други таблети со повраќање ја исфрлаат надвор од организмот.

 

Во многу голем број на случаи булмијата се раѓа од анорексија. Повеќето од заболените се чувствуваат како неуспешни бидејќи не останале доволно долго во состојба на анорексија. За многу од нив анорексијата е „идеал“ и само кога успеваат да и одолеат на храната се чувствуваат како да имаат контрола.

 

Во најголем број на случаи булимијата е проследена со анксиозност, заболените се постојано во страв и внимание да не се здебелат. Опсесивноста се забележува преку постојаното броење калории и опсесивните мисли околу храната. Тие постојано размислуваат што смеат, а што не смеат да јадат, колку калории внесуваат и најголем дел од времето трошат на организација околу храната. Забележано е дека се јавува и кај граничен тип на личност, а хистеричните, депресивните, фобичните и шизоидните пореметувања поретко се комбинираат  со булимија.

 

За луѓето кои страдаат од ова нарушување храната претставува нешто валкано и не можат да ја поднесат во себе. Од друга страна не можат ни да и одолеат, бидејќи потребата за храна е примарен импулс и постојано се во тензија помеѓу добро – лошо и во амбиваленција – постојано присуство на две желби кои се исклучуваат.

Булимијата е загрозувачка по здравјето на пациентите од причина што честите повраќања ја нарушуваат рамнотежата на електролитите во крвта и често страдаат од хипокалемија, оштетени коски и зглобови, како и стоматолошки проблеми. Страдаат панкреасот, репродуктивните органи, желудникот, се намалуваат шансите за забременување, а аменореја (губење на менструалниот циклус) е честа појава. Долгорочна последица е развивање на опасни срцеви заболувања.

 

Се јавуваат голем број на физички симптоми:

  • -        Температурна преосетливост
  • -        Опстипација
  • -        Низок крвен притисок
  • -        Успорена работа на срцето
  • -        Намалена телесна температура
  • -        Зголемено ниво на хормони на раст, кортизол и тријод тиронин

 

 Причини за појава на булимија

 Клучна причина за појава на булимија и другите пореметувања во исхраната е промена на односот кон сопственото тело. Пациентот се доживува како некој со големо, тешко, нескладно тело. Виткото тело не е само посакувана состојба, тоа е симбол за моралност, ум, храброст и убавина. Односот кон телото и храната е двоен, а таа двојност и амбиваленција се пренесува кон се во животот. Личноста ја сака и мрази храната исто време. Го сака и мрази своето тело истотака. Психоаналитичките теории сметаат дека кај овие личности се оживеани раните конфликти и односот со мајката, која ја задоволувала потребата за храна, но исто така и ја ограничувала преку забрани, закани,  избор на храна и присилувања.

 

Зошто се вели дека анорексијата или булимија се симптоми кои очајно бараат редефинирање на односот со мајката?

Затоа што храната е симбол за мајката и примарната љуов. Мајката најпрво преку храна му дава љубов на своето новороденче. Храната е најпримарен вид на љубов. Но, љубота не се покажувала на адекватен начин, се давала, па се ускратувала. И детето реагира на тој начин, ја сака мајка си, па не ја сака и никако не успева да ги помири двете спротивности. Како што детето расте психата се усложнува, механизмите се преплетуваат и се сместуваат во подсвеста, што доведува до непомирување на двете спротивности и отсуство на интеграција на љубовта  во возрасното доба. Како што мајчината љубов понекогаш била добра, понекогаш лоша, а понекогаш помирена, така личноста постапува и со храната. Ја внесува во себе, но тој внес во исто време е внес на она лошото, неинтегрираното и потенцијално разорувачко и насилно и затоа мора веднаш да се исфрли. Постапувајќи на овој начин личноста како да се наоѓа на една клацкалка, а ова однесување набргу преминува во компулсивни однесувања кои помагаат да се намали анксиозноста од губиток на саканиот објект  - храната, мајката, а пред се љубовта.

 

Како се лекува?

Со оглед на фаталните последици и сознанието дека преживуваат само 80% од заболените, неопходно е да се побара стручна помош.

Психотерапијата ќе помогне во подобрување на меѓучовечките односи, промена на црно – белиот филм во колоритен и реалистичен, унапредување на индивидуалните компетенции, контрола на импулси и најважно – промена на однос кон сопственото тело.

Когнитивно – бихејвиоралната и Семејна - системската психотерапија даваат најдобри резултати во лекување на ова пореметување. Терпијата е долга, со циклични промени од подобрување кон влошување на состојбата.

Една од техниките која се препорачува е водење на дневник.

Всушност станува збор за табела која се пополнува секојдневно после секој оброк. Во неа се внесуваат следниве податоци:

  •  После секој оброк запишувате што јадевте, во која количина, ја опишувате порцијата до најситни детали, место и време кога почнал и завршил оброкот.
  • Калориската вредност на храната не се запишува, се задржувате на детален опис околу храната
  • Запишувате што сте размислувале и како сте се чувствувале во врска со храната, за секој оброк во неколку реченици
  • Забележувате кога доаѓа до повраќање, односно после кои мисли, во кои услови, на кое место, како сте се чувствувале после тоа, кои зброви сте си ги упатиле на себе, дали сте биле свесни однапред дека ќе повратите или во текот на оброкот сте ја донеле таа одлука
  • Мерете се на вага еднаш неделно
  • Придржувајте се до овие правила, останете доследни и не прескокнувајте ниту еден оброк без да евидентирате соодветно во табелата
  • Целта на ова техника за самопомош е да се открие причинско-полседичниот однос на мислата – емоцијата – однесувањето. Кога ќе бидете свесни и ќе ги препознаете мислите кои ве водат кон ова непожелно однесување, ќе можете полесно да ги контролирате, така што ќе се фокусирате на нешто друго и ќе ги замените со други логични и многу поздрави мисли. 

Наша препорака е да се побара стручна помош доколку Вие или некој од Вашето окружување со осоочува со овој проблем.

 

Извори:

(н.д.). Повратено од Bulimia Facts&Statistics: https://www.eatingrecoverycenter.com/conditions/bulimia/facts-statistics

Ouellette, J. (н.д.). Повратено од Mirror Mirror Eating Desorder Help: https://www.mirror-mirror.org/bulimia/statistics-on-bulimia.htm

*https://theswaddle.com/bulimia-nervosa-mri-study/

Comments

Popular posts from this blog

Како изгледа твојата грижа?

  Како изгледа твојата грижа? ♦️Како изгледа твојата анксиозност? ♦️Можеш ли да ја нацрташ? ♦️Тоа може да биде појава, животно, чудовиште, личност, облик, боја, линија - употреби фантазија. ♦️Дај и/му име ♦️Откако ќе ја нацрташ 💭замисли си дека разговараш со грижата ♦️Можеш да и поставиш прашања, како на пример: 👉🏼имаш ли причина да бидеш тука? 👉🏼која е твојата функција/улога во мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, како би изгледал мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, за што би размислувал/а? 👉🏼што е најлошото што може да се случи? 👉🏼а, што е најдоброто што може да се случи? 👉🏼што треба да направам за да си заминеш? Фантазирајте, отпуштете се, дозволете си да проговори несвесното. 🌷Ако оваа вежба е премногу стресна за вас, поразговарајте со блиска личност или психолог.

Што ако не Ви се допаѓаат пријателите на Вашето дете?

  Во тек на предшколскиот период и во помалите одделенија од основното училиште, пријателствата на Вашето дете најчесто се моделирани од Ваша страна. Тоа е така бидејки бидејки Вашето дете се дружи со децата на Вашите пријатели или со деца од Вашето маало, градинка и одделенија со чии родители Вие сте повржани на некој начин. Селекцијата, значи ја вршите Вие врз основа на тоа дали Вам ви одговараат родителите на врсниците на Вашето дете. Тогаш буквално скоро се се одвива под Ваш надзор, средбите и дружењата со другарите зависат од тоа дали Вие имате слободно време да го однесете детето на играње, дали Вие сте дома за да можат да му дојдат другарчиња и слично. На детето сеуште му е многу важно Вашето мислење па Ви раскажува за секој со кого остварува интеракција и до најситен детал го прераскажува секое дружење и она што му се случува во текот на играта.   Меѓутоа, по неколку години сето тоа се менува. Ви се допаѓало тоа Вам или не мислењето на врсниците и самата припадност...

Деца и Развод

  Иако секој трет брак во Европа се разведува, се уште разводот како стресен настан се наоѓа на второ место, веднаш после смрт на близок член. Со разводот не се губи само партнер, се губат секојдневни навики, ритуали, заеднички ручеци, планови за патувања, заеднички пријатели и роднини. Во многу случаи разводот претставува губиток на идентитет и процес во кој емотивната состојба кај сите засегнати од процесот поминува низ различни фази и се движи од лутина и бес, до тага и рамнодушност. Како партнерите ќе се справат со разводот зависи од многу фактори: причини за развод, карактерни особини на партнерите, начин на кој е договорен разводот, дали е планиран или се случил ненадејно и многу други фактори специфични за секој брачен пар. Но, како се справуваат децата? Повторно, справувањето зависи пред се од возраста на детето, неговите внатрешни сили, емотивната поддршка од околината, но најважно односот на родителите. Децата ќе бидат полни со прашања и ќе бараат одговори и имаат п...