Skip to main content

ДОВОЛНО ДОБРА


 Кога си ја дадов дозволата да бидам Доволно добра, знаев дека тоа има врска со шемата Високи стандарди. Доволно долго сум во психотерапија, лично и професионално,

за да знам дека зад оваа шема се кријат и шемите Дефектност и Емоционална Депривација.
Тоа е убавината на терапијата, стануваш спремен да (на)учиш како да прифатиш и живееш со сите несовршености во секојдневниот живот и релациите.
Во релации човек може да се излечи и разболи.
А, кога е присутна шемата Превисоки стандарди, страдаат релациите. Има многу брзање, притисок, малку време и она “може подобро”.
Подобра работа, подобар брак, врска, подобар ден, подобар партнер, подобар живот, подобар Јас.
Тешко е да се задоволат превисоките стандарди, тешко е да се биде доволно добар партнер, син, ќерка, колега, пријател.
Но, најтешко им е на нив самите. Секојдневно во борба со самите себе и сопствените очекувања.
Како на автоматска трака за трчање, без опција за исклучување.
А, кога би била можна таа опција, тогаш би имало повеќе простор за: забава, уживање, повеќе време, помалку притисок, живот.
И, што направив?
📝Попис на сите работи во кои сум доволно добра
❓Ги прашав блиските што тие мислат, во што сум добра
🖊️Го проширив списокот
🔍Во кои области очекувам од себе да сум супер најдобра?
✂️Во тие области ги намалив личните очекувања од 💯 на 70%
💭Замислив каков би бил мојот живот без тој притисок и очекувања?
Одговорот е: полесен, мирен, со чувство на задоволност.
Како сега.
На ова сонце, во овој ден, со оние кои ги сакам.

*Photo by H

ülya Ozdemir

Comments

Popular posts from this blog

Како изгледа твојата грижа?

  Како изгледа твојата грижа? ♦️Како изгледа твојата анксиозност? ♦️Можеш ли да ја нацрташ? ♦️Тоа може да биде појава, животно, чудовиште, личност, облик, боја, линија - употреби фантазија. ♦️Дај и/му име ♦️Откако ќе ја нацрташ 💭замисли си дека разговараш со грижата ♦️Можеш да и поставиш прашања, како на пример: 👉🏼имаш ли причина да бидеш тука? 👉🏼која е твојата функција/улога во мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, како би изгледал мојот живот? 👉🏼кога ти не би била тука, за што би размислувал/а? 👉🏼што е најлошото што може да се случи? 👉🏼а, што е најдоброто што може да се случи? 👉🏼што треба да направам за да си заминеш? Фантазирајте, отпуштете се, дозволете си да проговори несвесното. 🌷Ако оваа вежба е премногу стресна за вас, поразговарајте со блиска личност или психолог.

Анксиозност

                                   Познато е чувството на немир, страв, загриженост, паника, напнатост или нервоза.   Сите тие чувства се обединуваат под називот анксиозност. Овие чувства се секојдневни и составен дел од животот.   Во стресни ситуации или важни ситуации од кои   очекуваме некој исход, нормално е да се чувствуваме анксиозни или загрижени. Меѓутоа понекогаш се случува да се преокупираме со некоја ситуација, постојано да мислиме на некој проблем или да сме во некое очекување и загриженост, со што се пореметува нашето вообичаено однесување. Во некои такви околности ќе почнеме да јадеме повеќе или да заборавиме да јадеме, да пушиме повеќе, да чувствуваме напнатост во мускулите, срцето забрзано да ни чука, да ни се потат рацете, а константното чувство на немир да не не напушта. Доколку овие чувства продолжат и по завршување на ситуацијата или не обземаат...

Емотивна освестеност

Препушти им се на своите емоции. Кога се обидуваш да се ослободиш од нив тогаш те преплавуваат.  Како да се препуштам? ⭐️Добра техника е мајндфулнес или свесност за емоциите. Како изгледа во пракса? 📍Освести се дека избегнуваш да чувствуваш и да се препуштиш на емоциите 📍Освести што размислуваш и како реагира телото кога некоја емоција се јавува и што правиш тогаш, како се однесуваш? 📍На пример: Тага. Во телото: притисок во очите, срцето ми чука забавено, нешто ме стега во стомакот. Помислувам: Никој не ме сака, никому не сум важен, сам/а сум, никогаш нема да биде подобро. Што правам: се изолирам, плачам, барам поддршка, ми треба прегратка. 📍Како што се развива емоцијата, следи што е тоа што ја засилува или ослабнува. Која мисла, кое однесување го менува нејзиниот интензитет? 📍Емоцијата ослабнува. Која мисла, кое однесување доведе до тоа? Како е сега во телото? 📍Води дневник за овие забележувања и набргу ќе знаеш што предизвикува некоја емоција, како твоето тело реагира на та...