Skip to main content

Posts

Showing posts from November, 2020

Хипотезите на Фројд

                      Во својот обид да го разбере човековиот ум, Фројд предлага неколу хипотези [1] : -         Топографски модел : Психичкиот живот на човекот се одвива во несвесното, претсвесното и свесното подрачје. Во најголем дел во своето однесување човекот е детрминиран од несвесното . Тоа е прикажано преку познатиот цртеж со санта мраз, во кој само мал дел е свесното. Целта е секоја содржина во несвесното која има преголема енергија ( потисната сексуална енергија) е да дојде во свесното, каде што ќе ја изгуби својата сила и патологијата на човековото однесување ќе се нормализира. Во несвесното треба да се бараат нагоните, страстите, потиснатите идеи и емоции –тоа е големо подземје на виталните, невидливи сили кои имаат речиси целосна контрола над свесните мисли и постапки на поедницот. [2]   Претсвесното го означува оној дел од личноста или оној стадиум во личноста ...

Како се формираат карактерните особини на личноста?

  Низ историјата многу од психолозите се занимавале со проучување на особини на личноста. Некои од нив направиле свои типологии на личности анализирајќи ги поединечните црти и карактерните особини. Но, што се всушност карактерни особини? Како се формираат? Кои фактори влијаат на обликување на црти на личноста?   Дефинирање на особини на личноста   Особини на личноста се сите оние индивидуални карактеристики кои го формираат карактерот на личноста и најзиниот идентитет. Авторите Roberts, Wood и  Caspi во својата книга Handbook of Personality: Theory and Research , велат дека особините се релативно трајни обрасци на мисли, чувства и однесувања што ги разликуваат поединците едни од други . Теоријата на личност сугерира дека нашиот карактер е составен од многу поединечни црти на личноста. На пример, кога за некој ќе кажеме дека е екстровертен, опишуваме личност која има отворена комуникација, оптимистична, превзема ризик, ориентирана кон изнаоѓање решенија, ужи...

Перфекционизам

                               Перфектно завршено. Коренот на зборот се на o ѓа во латинскиот збор perfecto и значи завршено. Но, за перфекционистите никогаш не е добро завршено. Секогаш може подобро и повеќе. Тешкотијата е во тоа што перфекционистите немаат друг избор, едноставно мора да биде совршено. Таа потреба е како некој вид на присила, која често пати преминува во опсесивно-компулсивно однесување.   Внатрешната присила за беспрекорна чистота, може да се претвори во миење раце 30 пати дневно или секојдневно рибање на тоалетот. При извршување на работните задачи, перфекционистот ќе заглави во детаљи и анализа, што директно ја нам a лува неговата продуктивност. Во љубовта, перфекционистот има нерални очекувања , барања и строги распореди. Ѓубрето се фрла во пет, кучето се шета во шест, долната облека е во првата фиока, а чорапите во последната. Секое отстапување од правилата ...

Гранично пореметување на личноста

                Најбитна карактеристика на граничното пореметување на личноста е висока нестабилност во интерперсоналните односи, сликата за себе и емоциите. Луѓето со вакво нарушување на личноста се обично и многу импулсивни . Први знаци на ова пореметување се јавуваат во раното возрасно доба. Нестабилните односи со другите личности перзистираат со години и обично се повржани со нестабилна слика за себе и раните социјални интеракции. Релациите и емоциите на овие личности   обично се доживуваат како површни без можност за продлабочување.     Како да се препознае граничното пореметување на личноста   Постојат неколку симптоми кои го дефинираат граничното пореметување на личноста   -         безглаво бегање од можноста да се доживее право или имагинарно напуштање -         образец на нестабилни и интензивни интерперсонални односи кои варир...

Анксиозност

                                   Познато е чувството на немир, страв, загриженост, паника, напнатост или нервоза.   Сите тие чувства се обединуваат под називот анксиозност. Овие чувства се секојдневни и составен дел од животот.   Во стресни ситуации или важни ситуации од кои   очекуваме некој исход, нормално е да се чувствуваме анксиозни или загрижени. Меѓутоа понекогаш се случува да се преокупираме со некоја ситуација, постојано да мислиме на некој проблем или да сме во некое очекување и загриженост, со што се пореметува нашето вообичаено однесување. Во некои такви околности ќе почнеме да јадеме повеќе или да заборавиме да јадеме, да пушиме повеќе, да чувствуваме напнатост во мускулите, срцето забрзано да ни чука, да ни се потат рацете, а константното чувство на немир да не не напушта. Доколку овие чувства продолжат и по завршување на ситуацијата или не обземаат...

Симптоми на депресијата – зошто е важно рано препознавање

               Како што тврди психијатрот Грубшин, Депресијата не е минлива состојба на нерасположение и пасивност, туку се работи за сериозна болест која треба да се лекува. Таа влијае на целокупниот живот на болниот и има значајно влијание на социјалното опкружување на личноста. Лекувањето не доаѓа преку ноќ, туку е потребна упорност и што повеќе знае болниот за депресијата, полесно ке биде рамноправен партнер во совладување на истата.     Главни знаци на депресијата   Промена на расположението  во депресија може да се јави без видлива причина или во очигледен расчекор со она потенцијално ја предизвикало.   Депресија е болест позната од дамнешни времиња, па така нејзиното име доаѓа од латинскиот јазик, од латинскиот збор, deprimere, што значи да се поттиснува, притиска или вдлабнува . Во депресијата е поттиснато расположението и токму такво патолошки снижено расположение е основно обележје на оваа состојба....